За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение вели Азески
Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Според Азески, за ова прашање треба да се...
Европа нема да дозволи да биде потчинета, порача Макрон од Давос
Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на своето денешно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, порача дека претпочита „почит пред грубата сила“ и „владеење на правото пред бруталноста“. Овие зборови во дипломатските кругови се толкуваат како директен одговор на надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во моменти кога администрацијата во Вашингтон најавува формирање на нов глобален „Совет за...
Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци, предупредуваат од МВР
Министерство за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период е забележана појава на фишинг напади преку лажни СМС пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
Како што соопштуваат од МВР, лажните пораки наводно се испраќаат од Одделот за моторни возила, како известување од системот „Безбеден град“, при што граѓаните се пренасочуваат на лажен линк за наводна...
Сувереноста на Гренланд не е на продажба, вели Калас
Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа, бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на денешната дебата во Европарламентот посветена на „Територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска“,
- Европската Унија без никаков сомнеж стои зад Гренланд...
Министерство за здравство: Се забрануваат овошни, ментол, слатки, билни и други вкусови на никотински производи
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство.
Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол...
Македонско друштво „Илинден”- Тирана против отворање мигрантски центри во општина Пустец во областа Преспа
Македонското друштво „Илинден“- Тирана бара итно од Владата повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа во селото Зрноско, на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица.
- Оваа одлука произлегува од нормативниот акт „За одобрување на Националниот план за контингенција за мешани миграциски текови...
Велика Британија повеќе не треба да го користи називот „Велика“, порача Лавров
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Велика Британија повеќе не треба да се нарекува „Велика Британија“ бидејќи е единствената земја во светот што официјално го носи името „Велика“.
- Мислам дека Британија треба да се нарекува едноставно Британија бидејќи „Велика Британија“ е единствениот пример за земја што го има придавката „Велика“ во своето име - изјави Лавров...
Кина во Давос: Светот не смее да се врати на „законот на џунглата“ каде посилниот го напаѓа послабиот
Кина денеска на Светскиот економски форум во Давос цврсто застана во одбрана на мултилатерализмот и слободната трговија, остро спротивставувајќи се на враќањето на „законот на џунглата“ во меѓународните односи.
Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, во контекст на зголемените глобални трговски тензии, нагласи дека светот не смее да дозволи доминација на привилегирани држави врз основа на нивните сопствени интереси.
- Мал број привилегирани...
ОЈО ГОКК предложи куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК.
-Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се...
Почнаа интервјуата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почнаа интервјуата на пријавените кандидати за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати.
Актуелниот член на КСЗД, Лимко Бејзароски, нагласи дека одлучил да се кандидира за нов мандат поради, како што рече, резултатот што го...







































