Пилотите на ДС извршија тренажни летови со „ер тракторите“
Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата.
Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена и потврдена ефикасноста и подготвеноста...
Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на Радев
Уставниот суд на Бугарија денеска соопшти дека ја потврдил оставката на претседателот на таа земја, Румен Радев.
Потегот на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми.
Радев поднесе оставка на почетокот на оваа недела, поттикнувајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори.
Претседателската функција до крајот на мандатот...
Цврсто стоиме позади барањата на работниците и синдикатите во Македонска пошта, велат од ССМ
„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена. Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта наместо да исплати плата,...
Фатон Сељами од Тетово избран за Народен правобранител
Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.
За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 беа „за“, а осум „против“.
Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит.
„Оне Македонија“ најавува новини на пазарот, мрежата првично ќе биде лансирана во Скопје
„Оне Македонија“ на унгарски „Фор ај џи“, која денеска доби лиценца за трет мобилен оператор во државата од Агенцијата за електронски комуникации, најавува новини на пазарот, на кој, според раководството, има амбиции да заземе сериозен удел. Првенствено ќе почне со мрежите на постојните оператори додека да изгради сопствена. Со изградба на 5 џ станд алоун мрежа (5G stand alone...
На 1 февруари стартува „Безбеден град“, Собранието го изгласа предлог-законот
Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално,...
Русија бара повлекување на украинските сили од Донбас пред состанокот во Абу Даби
Москва денеска посочи дека и натаму бара Киев да ги повлече своите сили од источна Украина со цел да се реши конфликтот.
„Вооружените сили на Украина мора да го напуштат Донбас, тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред разговорите во Абу Даби меѓу руските, украинските и американските претставници.
Тој истакна...
Министерството за правда работи на утврдување на реалната состојба и подготвување мерки за слабостите, вели Филков
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем, истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости.
-Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството....
„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција
„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем„Бекутан“во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција.
Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, брендкој со...
Мировните преговори во ОАЕ ќе се фокусираат на територијални прашања, вели Зеленски
Мировните преговори меѓу Украина, Русија и САД во Обединетите Арапски Емирати, денеска и утре, ќе се фокусираат првенствено на територијални прашања, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесен од ДПА.
- Прашањето за Донбас е клучно прашање во разговорите - изјави тој денеска пред новинарите.
Источниот украински регион Донбас вклучува голем дел од украинските покраини Доњецк и Луганск.
Според советникот на Зеленски, Дмитро...







































