Министерството за правда работи на утврдување на реалната состојба и подготвување мерки за слабостите, вели Филков
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем, истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости.
-Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството....
„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција
„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем„Бекутан“во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција.
Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, брендкој со...
Мировните преговори во ОАЕ ќе се фокусираат на територијални прашања, вели Зеленски
Мировните преговори меѓу Украина, Русија и САД во Обединетите Арапски Емирати, денеска и утре, ќе се фокусираат првенствено на територијални прашања, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесен од ДПА.
- Прашањето за Донбас е клучно прашање во разговорите - изјави тој денеска пред новинарите.
Источниот украински регион Донбас вклучува голем дел од украинските покраини Доњецк и Луганск.
Според советникот на Зеленски, Дмитро...
За сите вработени е обезбедена плата, велат од Македонска пошта по организираниот штрајк
Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организирање штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени.
-Крајно тенденционо и несериозно е органирањето на штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во Македонска пошта, во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот...
Субвенција за обука и полагање возачки испит за младите од Центар во висина од 10 илјади денари
Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.
- Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а...
Министерот Беким Сали избран за член на Националниот совет за евроинтеграции
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го избра министерот за европски прашања Беким Сали за член на Националниот совет за евроинтеграции, а утврди и предлог за членови во Комисијата за спречувања и заштита од дискриминација.
Членовите на Комисијата едногласно за член на Националниот совет за евроинтеграции, на местото на поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани, го...
„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен оператор, очекува сериозен удел на пазарот
„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена.
Директорот на АЕК, Јетон Акику, му ги врачи одобренијата што се доделуваат со тендерот на...
Маја Коневска избрана за генерален секретар на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на ДКСК која во моментот е распоредена на работното место раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија.
Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен...
Првиот уред ЧетГПТ пристигнува годинава
Компанијата зад ЧетГПТ го подготвува првиот хардверски уред со вештачка интелигенција што би можел целосно да го промени начинот на кој се користи оваа технологија. „ОпенАИ“ повеќе не сака да користиме вештачка интелигенција само преку екран на компјутер или телефон. Компанијата зад ЧетГПТ планира да го претстави својот прв хардверски уред во 2026 година - а тоа би можело...
Аурора бореалис може да биде видлива и во регионов
Земјата под удар на најголемата сончева бура во последните 20 години
Сончева бура, најсилна во последните 20 години, се движи кон Земјата. Бурата е од четвртата категорија, што ја рангира меѓу поопасните, па затоа научниците предупредуваат на можни прекини во сателитската комуникација и сомнителна точност на навигациските системи. Добрата вест е дека се очекува поголема веројатност за гледање на аурора...







































