Новите правила за влез во Шенген ни создаваат сериозни проблеми, ќе влијаат многу лошо на бизнисот, вели Азески
Новите правила за влез во Шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко...
Пожар избил во близина на Тутунски комбинат во импровизирана механичарска работилница
Пожар избувнал претпладнево во близина на Тутунскиот комбинат, поточно во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила.
- Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална...
ЕУ ќе испрати речиси 450 генератори во Украина поради суровата зима
Европската Унија треба да испорача речиси 450 генератори за итни случаи во Украина по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура на оваа земја за време на суровата зима, јави ДПА.
Европската комисија денеска соопшти дека 447-те генератори, во вредност од 3,7 милиони евра, се наменети за „враќање на електричната енергија во болниците, засолништата и критичните служби“.
- Континуираните руски напади врз...
Најмладите пациентки со рак на грлото на матката се на 18 годишна возраст, расте бројот на заболени
Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои...
Судијката Наташа Савовска Димитровска тврди дека е разрешена врз база на шпекулации
Судијката Наташа Савовска Димитровска, од Апелацискиот суд Скопје, вели дека по одлуката на Судскиот совет со која таа и уште една судијка беа разрешени, за учество во донесување на пресуда за случајот „Телеком“ три жалбени совети при Врховниот суд или 27 судии, од кои девет врховни и 18 апелациски судии ги усвоиле жалбите и предметот го вратиле на повторно...
Дерби на стартот од вториот дел кај одбојкарките – Газели и Наковски во „Форца“
По едномесечна пауза викендов стартува пролетниот дел од првенството од сезоната 2025/26 во Првата женска лига. Прволигашкото друштво продолжува со вториот дел од регуларниот дел на првенството, односно 10. коло во кое главното внимание ќе биде насочено кон дуелот меѓу дебитантот Газели Волеј, кој како третопласиран на табелата го заврши првиот дел од сезоната, и актуелниот лидер и досега...
Ревизорски извештај за ФЗО во фокус на судењето за „Онкологија 2“
Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино...
Филков: Случајот со апелацискиот судија не е само скандал, туку симбол на култура на неказнивост
Министерот за правда Игор Филков денеска најави сет итни и долгорочни мерки за стабилизирање на правосудниот систем укажувајќи дека состојбата со интегритетот, одговорноста и ефикасноста на институциите е „реална и длабока кризна точка“, која повеќе не смее да се игнорира. Во обраќањето тој предупреди дека долгогодишните застои во предмети за висока корупција и изостанокот на институционални реакции сериозно ја...
Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена, велат од Синдикатот на Македонска пошта
Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до медиумите информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.
- Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и...
Пилотите на ДС извршија тренажни летови со „ер тракторите“
Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата.
Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена и потврдена ефикасноста и подготвеноста...







































