Над 100 уапсени поради сомненија за изборна измама
Повеќе од 100 лица се уапсени во Косово поради сомненија за фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември, а наредено е повторно пребројување на сите гласови - соопшти обвинителот од Призрен, Петрит Кријезиу.
- Станува збор за организиран обид и директна намера за поткопување на резултатите и волјата на граѓаните - изјави тој, додавајќи дека 109 лица...
„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, СДСМ и ДУИ ги ставија партиските калкулации над човечките животи, истакна Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“ од 1 февруари, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните.
- Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека...
Пукнатина на шина – веројатна причина за железничката трагедија во Шпанија
Официјалната истражна комисија во Шпанија идентификуваше пукнатина на шина како можна причина за тешката железничка несреќа во јужниот дел на земјата, во која животот го загубија 45 лица.
Трагедијата се случи во неделата навечер при судир на два воза со голема брзина во близина на градот Адамуз, во андалузиската провинција Кордоба. Во несреќата се повредени повеќе од 120 лица, од...
Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија
Илијана Јотова денеска стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка.
Јотова му се заблагодари на Радев (шеф на државата во периодот 2017-2026 г.) за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот.
- Благодарам што девет години бевме...
Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
Во Абу Даби денеска почнаа преговорите меѓу Украина и Русија под покровителство на Соединетите Американски Држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.
- Преговорите започнаа денеска во Абу Даби и, според распоредот, треба да траат два дена, во рамки на континуираните напори за поттикнување дијалог и изнаоѓање политички решенија за кризата - се наведува во соопштението на...
Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Од СВР Битола информираа дека пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите...
Копенхаген ги стави во борбена готовност трупите на Гренланд, поради можен напад од САД
Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат подготвени за борба во случај на напад од САД врз оваа автономна територија на Данска - јави данскиот јавен сервис „ДР“.
Според „ДР“, во воената наредба што Данска ја издала минатата недела е наведено дека војниците на Гренланд треба да бидат опремени со боева муниција.
Јавниот сервис објави дека наредбата опишува „операција...
Системот „Безбеден град“ во функција од 1 февруари
Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и без воздржани Собранието денеска го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, од 1 февруари се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше...
Стартува вториот дел од сезоната и во Првата лига мажи
Втората полусезона од првенството 2025/26 во најсилната машка одбојкарска лига стартува викендов со натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата.
Водечките шест екипи на табелата по завршувањето на првиот дел од сезоната (т.н. лига – фаза) Штип УГД, Струмица 47&72, ГОК Борец, Работнички 71&22, Универзитет во Тетово и Сушево според пропозициите продолжуваат во плеј-оф разигрувањето, пренесувајќи ги бодовите од првиот дел....
Новите правила за влез во Шенген ни создаваат сериозни проблеми, ќе влијаат многу лошо на бизнисот, вели Азески
Новите правила за влез во Шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко...







































