Шпаркасе Банка станува генерален спонзор на Кошаркарската федерација на Република Македонија за Првата женска кошаркарска лига, која ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“
Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига. Од новата сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува значаен чекор кон поддршка и унапредување на женската кошарка во државата.
Женската кошарка во нашата...
Добри приноси на мед кај пчеларите од Кичевско-бродскиот регион
Втора година по ред приносите на мед кај пчеларите од Кичевско-Бродскиот регион се повеќе од задоволителни. Временските прилики во поголем дел им погодуваат на пчеларите од овој регион, иако во еден период времето не беше во целост наклонето на производителите на мед, кога имаше мрзнење на одредени видови на овошки.
-И покрај загубите на поголем број пчелни семејства кај повеќето...
Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина, велат од Кремљ
Кремљ не очекува значителен напредок во мировните преговори со Украина што треба да се одржат утре во Турција - соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков. Русија, како што наведе, останува на своите позиции и нема да отстапи од првично поставените цели.
- Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе...
Обвинение за 36 лица во случајот „Синдром“, две криминални групи посредувале за лажни инвалидски пензии
Во рамки на предметот „Синдром“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија по цена од 150 до 5000 евра. Обвинетите, меѓу кои има лекари, адвокат и службени лица, делувале преку две организирани...
Пожар во центарот на Кочани – спасена жена од запалена куќа
Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против - пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.
„Браќа Ставреви“ е густо населена улица...
Прилепската болница доби донација – современ ултрасонографски апарат за прегледи на доенчиња
Прилепската болница „Борка Талески“ доби донација од современ ултрасонографски апарат за прегледи на доенчиња од НВО „Hand Till Had,, од Шведска, со што ќе се врши скрининг метода за рано откривање на развојно пореметување на доенички колкови уште во првите месеци од животот на децата, почнувајќи од втор месец, по што следат контроли на четири, шест, девет и 12...
Групацијата Триглав, заедно со ЕБОР, стекнува удел во сопственоста на полски „insurtech“ партнер
Триглав го зајакнува своето присуство на полскиот пазар во согласност со своите стратешки амбиции
Триглав, преку капитална инвестиција, во следните 24 месеци ќе стекне до 24,8% сопственички удел во HPI GMA S.A., брзорастечка „insurtech“ компанија, со која што соработува на полскиот пазар во областа на осигурување на моторни возила. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), исто така, ќе стекне...
Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот
Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах.
Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.
-Настапот на...
Дерматолозите апелираат, при висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено
Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен УВ-индекс, повикаа денеска надлежните од Кумановската општа болница. Заштитата е неопходна за здравјето на најголемиот орган-кожата советува доктор Лилјана Пандиловска, дерматовенеролог од Општа болница Куманово, началник на одделот за дерматовенерологија.
Изгореници, алергиски реакции, инфекции, но и сериозни заболувања може да...
Димитриеска Кочоска: Измените и дополнувањата на Буџетот произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината. Овие измени не го менуваат суштински нашиот пристап, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и...









































