Почина Ози Озборн
Ози Озборн, фронтменот на бендот Black Sabbath, почина на 77-годишна возраст, објави Гардијан.
- Со поголема тага отколку што можат да се пренесат зборови, принудени сме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент - објави неговото...
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа
Ребалансот на буџетот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите. Со него нема да се финансираат кампањи, туку ќе се финансираат проекти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред денешното гласање за Ребалансот на буџетот за 2025 година.
Во обраќањето по завршување на собраниската расправа, министерката рече дека ребалансот е...
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти, вели Муцински
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порача меѓудругото министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на неговите социјални мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот.
-Зборовите не се...
Европско обвинителство: Истрагата за железничката станица во Нови Сад е се уште во тек
Европското обвинителство, предводено од обвинителката Лаура Ковеши, објави дека истрагата за можна злоупотреба на средства од Европската унија за реконструкција на железничката станица во Нови Сад е се уште во тек, но дека деталите не можат да бидат објавени, јави Бета.
Одговарајќи на прашањата на Бета за тоа дали е завршена истрагата за можна злоупотреба на средствата од ЕУ поврзана...
Три лица хоспитализирани по избивањето на пожар во центарот на Кочани
Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат.
Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.
Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против...
Владата одлучи да набави пченица и оризова арпа од домашното производство
Владата на денешната седница согласно последните измени на Законот за стокови резерви донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.
Како што се наведува во владиното соопштение, Владата донесе одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ДДВ.
Количината ќе може да се откупи од секој...
Владата го донесе предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување
Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.
-Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите...
Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август, вели Гаши
Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат во првата половина од август. Според него тој период претставува законски утврден термин.
-Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално...
Високите температури изнудија препораки од Министерство за здравство до работодавачите
Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година, велат преку соопштение од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека, имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог...
Почина Македонец во близина на грчкиот град Кавала
На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош, а...









































