Повиците за примирје сѐ погласни, влогот во војната сѐ поголем
Додека во Киев и Москва сѐ подинамично се работи на скорашната можност за обновени мировни преговори (можеби в петок, 25.7.2025, во Истанбул), за американскиот претседател Доналд Трамп е сѐ поочигледно дека постојат две клучни недоумици за тоа како ќе се постави Вашингтон во врска со војната во Украина:
1. Да ја извлече Америка од украинската војна
2. Да ја претвори војната...
Рекордна заплена на 206 килограми кокаин на балканската рута
Бугарија
Успешна заплена на една од најголемите пратки кокаин пронајдени досега беше објавена од бугарските гранични служби, кои соопштија дека дрогата била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички што било на пат кон Турција.
Заплената на речиси 206 килограми кокаин е најголема досега на копнената граница на Бугарија, пренесува „Асошиејтед прес“. Дрогата скриена во 179 запечатени пакети што се наоѓале...
Насилството меѓу криминалните групи ја загрозува безбедноста на државата
Црна Гора
Итна седница на Советот за безбедност и одбрана на Црна Гора во врска со две убиства во Подгорица побара претседателот на државата Јаков Милатовиќ, оценувајќи дека ситуацијата е сериозна и оти има ескалација на насилството на улиците и конфликти меѓу криминалните кланови.
Вршителот на должноста директор на Полициската управа, Лазар Шќепановиќ, оцени дека безбедносната состојба во Црна Гора се...
ГРАДОТ ВО ОГАН, 1
За насловот на една од моите омилени есеистички книги (од младоста до денес), „Sterstunden der Menschheit“ на Стефан Цвајг, (преведена како „Ѕвездените часови на човештвото“ или, може постриктно, „Големите мигови на човештвото“), самиот Цвајг во воведот ќе нагласи дека: „Таквите драмски збиени часови, полни со всредоточени судбини, во кои само за еден единствен ден, за еден единствен час, а...
Дислоцирање на американските војници од Косово заради нови стратегиски интереси на САД?
Косово
Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките случувања во Западен Балкан, Даниел Сервер, изјави во јавноста дека „присуството на американските војници на Косово можеби нема да трае уште долго, а Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро би можеле да преземат значително поголеми одговорности“. Во истата изјава тој наведе и дека „Косово моментално добро се справува во однос на безбедносната ситуација“...
-...
Љубовната амброзија како знак за успех
Рецензија
Велат да се создаде комедија жанровски е најтешко, но за тоа треба, освен талент, да имате и одлична смисла за хумор. Во листата на личности што постигнале значајни успеси со комедии, покрај имињата на великани како Фелини, Чаплин, Менцел, ќе го додадеме и името на Лука Миниеро со прекрасната комедија „Добре дојдовте на југ“ (2010).
Алберто Коломбо (Клаудио Бисио) е...
Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО
МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ
Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија....
ЕП 2025 поставува нови стандарди на сите нивоа
На годинашното континентално првенство има рекордни награди, најмногу публика, најсовремена технологија, најголема програма за спонзорство досега за турнир на УЕФА... Синоќа почна полуфиналниот дел на ЕП 2025, со мечот Англија - Италија, а вечерва се среќаваат Германија и Шпанија
ФУДБАЛ - УЕФА
Од рекордни награди и најсовремена технологија до најголемата програма за спонзорство досега за турнир на УЕФА, Европското првенство (ЕП)...
Овации за Симон Трпчески во Сао Паоло
По настапите на отворањето на 39. фестивал „Будва – град театар“ во Црна Гора и во рамките на фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот „Македонисимо“, јулските концерти на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески значеа неколкудневен престој на сцените во бразилската метропола Сао Паоло. Серијата почна...
Иновативноста на словенечкиот театар
Кон шеесеттото, јубилејно издание на „Борштниковите средби“ во Марибор, Словенија
Јубилејното, шеесетто издание на „Борштниковите средби“ е големо театарско видување на словенечките театарски уметници со публиката и со проследувачите на театарската мисла. Овој особено значаен и комплексен театарски фестивал секогаш носи нова возбуда и нови понирања во значенскиот и знаковниот простор на театарската уметност, принесувајќи ѝ го на публиката не...









































