Ајде конечно до единство на македонскиот народ за националните стратешки интереси!
Драги Стојковски, поранешен претседател на организацијата „Обединети Македонци“, сега секретар на најстарата македонска национална и културна организација во Канада, е еден од најангажираните Македонци на нашата дијаспора низ светот. Стојковски е долгогодишен член на МПЦО „Св. Климент Охридски“ во Торонто, како долгогодишен поранешен претседател на Македонското движење за човекови права во Канада. Низ децениите Стојковски организира голем број средби...
Духот на Илинден, на самопочитување, гордост и слобода, сè уште е многу потребен
Со Бивел разговаравме за проблемите со кои се соочува македонската дијаспора, но и за тоа како Македонците од Австралија гледаат на низата предизвици од политички, економски, безбедносен и друг карактер што ја засегаат Македонија, како македонската заедница размислува за начините за надминување на актуелните предизвици и каква би била нејзината поддршка
Интервју со Виктор Бивел - македонски новинар и публицист...
Илинден е македонско востание! Бугарите ја знаат историската вистина, но не сакаат да ја признаат
Тука во Бугарија се обидуваат да го претстават нашето македонско востание како бугарско, но тоа не е вистина. Тие ја знаат историската вистина, но не сакаат да ја признаат. Востанието по својата суштина беше и си останува македонско. Навистина во востанието покрај Македонци учествуваа и припадници на други етникуми, како што се Власите или Бугарите, но сите тие беа...
Трамп ја намали царината за Македонија на 15 отсто
Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.
Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во...
Во духот на Илинден да ги прославиме слободата, достоинството и иднината на македонскиот народ
Интервјуа со видни македонски претставници од иселеништвото и од дијаспората
ИНТЕРВЈУ СО ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕДИНСТВЕНАТА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА ВО АЛБАНИЈА
Вие сте лидер на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Кои се клучните човекови и малцински права на Македонците во Албанија што и понатаму остануваат неостварени?
- И покрај формалното признавање, многу суштински права...
Македонија забележа по една победа и пораз на тест-средбите со Бугарија
Следува 49-то издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски-Чајка“, од 5 до 7 август во Скопје, на кој ќе играат Македонија, Бугарија и Швајцарија. Потоа се средбите со Грција на 13 август и со Грузија четири дена подоцна, во кои црвено-жолтите играат за пласман на четврто ЕП во низа
ОДБОЈКА
Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа по една победа и пораз...
Отсекогаш некој сакал да ја вшмука Македонија во својот „свет“
Калапот на (нео)либералниот „свет“ и матрицата на суверенистичкиот „свет“ за нашата земја: Македонија во „српскиот свет“ како повод
Пред сѐ и над сѐ, на Брисел треба да му биде јасно дека Македонија „историски“ е под перманентен удар да стане „немакедонски свет“! Гореспоменатиот термин „историски“ значи дека ваквите политички/национални/конфесионални влијанија во Македонија, и однадвор и однатре, не се воопшто нови!...
Во Европа и во следните три години ќе се играат по два меча од НБА-лигата
КОШАРКА
Кошаркарската НБА-лига ќе се врати во Велика Британија првпат по 2019 година. Во Лондон ќе се одигра натпревар од регуларната сезона помеѓу Орландо и Мемфис на 18 јануари 2026 година, Манчестер ќе биде домаќин на натпревар од регуларната сезона во 2027 година, а тимовите за таа средба ќе бидат објавени пред почетокот на таа сезона, пишува „Би-би-си“.
Натпреварот в година...
„ФенгЈу“ ќе помогне во справувањето со влијанијата на сончевите бури врз сателитските комуникации на Земјата
Со вештачка интелигенција до точна временска прогноза за вселената
Кина го лансираше првиот модел за прогноза на временските услови во вселената врз база на вештачка интелигенција, во текот на настан посветен на метеорологијата на Светската конференција за вештачка интелигенција одржана во Шангај во саботата.
Моделот, наречен „ФенгЈу“, е прв од ваков вид што го опфаќа целиот синџир на сончевиот ветер, магнетосферата...
Кошаркарската репрезентација тргнува кон СП 2027
Македонија е во групата Б, со Романија, со која игра утре, во Куманово, и со Унгарија. Двете првопласирани ќе настапат во квалификациите за пласман на планетарниот шампионат
Машката репрезентација на Македонија од завчера е во Куманово, каде што утре (од 20 часот) ќе го одигра и првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во...








































