Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Свештената Бигорска обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август - Денот на двата Илиндена, со литургија во село Лазарополе и со доксологија - молитва за татковината во Бигорскиот манастир. -На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 122-годишнината од херојското Илинденско востание, централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска литургија...

Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми, порача Силјановска Давкова

Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите - владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони изработени од Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители и на членовите на Судскиот совет, изјави денеска претседателката Гордана...

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, вели Николоски

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Њузмакс Балкан. - Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да...

Обвинение за бесправно градење во Битола

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Основното јавно обвинителство. - Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор...

Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на царините на 15 проценти

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33 на 15 проценти. Како што истакна во објавата, „овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење поамбициозно трговско партнерство“. Министерот...

Водата во велешкото езеро „Младост“ забранета за капење, рекреација и наводнување

Од последните извршени испитувања на експертите од Центарот за јавно здравје-Велес од 17 јули годинава повторно се заклучува дека водата во велешкото езеро „Младост“ е со лош квалитет. Се посочува дека ризична е по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, а воедно водата е забранета и за наводнување на лозовите насади околу езерото „Младост“. Во најновиот извештај...

Николоски: Сакаме да ја вратиме Македонија на старите патеки кога бевме шампиони по економски раст

Очекуваме економски раст од 3,7 отсто на БДП до крајот на годината, а голема улога во овој раст имаат капиталните расходи кои изнесуваат над 800 милиони евра годинава, како и инвестициите во инфраструктурата во општините, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Во емисијата „Став на регионот" на ТВ Њузмакс Балкан, тој посочува дека неговиот ресор е главниот двигател...

Безбедносната состојба е стабилна, не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми, вели Силјановска Давкова

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа. Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’. -Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак,...

Во тек се нови решенија кои ќе го поддржат намалувањето на цените на банкарските услуги, порача Славески

Во тек се нови решенија кои ќе го поддржат намалувањето на цените на банкарските услуги и ќе овозможат поквалитетни и подостапни финансиски производи за сите граѓани, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на платформата X. Во објавата, гувернерот нагласува дека финансиската инклузија не е крајна цел, туку средство за градење поотпорна и подинамична економија. - Поевтини банкарски услуги...

Косово ги укина царините за стоки од САД

Владата на Косово на денешната седница одлучи да ги укине царините за стоки увезени од Соединетите Американски Држави. - Друга многу важна одлука што ја донесуваме денеска е укинувањето на царинската тарифа со Соединетите Американски Држави. Така, отсега, сите производи со потекло од Соединетите Американски Држави ќе имаат царина од нула проценти кога ќе влезат во нашата земја. Косово ги...