Бенедевска: Нашиот сон за четврти Илинден е Македонија слободна, развиена, рамноправна, европска со заштитен национален идентитет и историја
И годинава, гордо и достоинствено им оддаваме почит на борците на слободна и независна Македонија, на хероите на двата Илиндени кои се жртвуваа, за денес да можеме бидеме свои на своето, да им ветиме дека денешните генерации нема да го заборават заветот што го оставија и да ги насочиме нашите погледи, стремежи од заедничкото минато кон заедничката сегашност и...
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, приведено едно лице
Полициски службеници синоќа на автопатот Скопје-Куманово заплениле поголема количина брендирана стока без документација од кривопаланчанец кој е лишен од слобода, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка,...
Починал затвореник на комплексот клиники „Мајка Тереза“
Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во 1:20 часот е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД „Затвор - Идризово“, бил донесен затвореникот С.Д., но, поради тешката здравствена состојба, тој починал во 3:07 часот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за случајот бил известен јавен обвинител и по негова наредба, телото на починатиот било дадено за обдукција.
Тошковски: Илинден е темелот врз кој се изгради нашата државност
Денес не сме тука за да потсетиме на минатото како на нешто изгубено, туку за да се инспирираме од него. Да ја претвориме жртвата на нашите предци во сила што не носи напред. Денес од Трново, испраќаме порака на самодоверба, дека сме обединети, дека можеме, дека сакаме. Не за да бидеме против некого, туку за да бидеме за себе,...
Дедо ми целосно верувал во ослободувањето на Македонија, порача внуката на Питу Гули
Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, и со Трајко Карев, еден од четворицата внуци од најстариот брат на Никола Карев. Секој од нив, и во осмата и деветтата деценија од животот, живее со приказните, со гордост на своите предци, објави МИА.
Елена Гули, 85-годишната внука од најмалиот син...
За слободата на Македонија многу херои ги положиле своите животи, вечна слава!, порача Николоски
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски упати честитка по повод одбележувањето на 2 Август Илинден - Денот на Републиката.
-Слава им на хероите од битката кај Слива кои ги дадоа животите за слободата на Македонија и слава им на Илинденците и великаните од Илинденската епопеја. За слободата на Македонија многу херои ги положиле своите животи. Вечна...
Силјановска Давкова положи цвеќе на гробот на Никола Карев
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска, во рамки на добележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во Крушево, положи цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, Силјановска - Давкова присуствуваше и на панихидата во храмот „Св. Никола“.
Делегации од Кабинетот на претседателката денеска...
Дебранец со четирицикл удрил во паркиран трактор, се здобил со тешки телесни повреди
Дваесет и седум годишен жител на Дебар управувајќи четирицикл синоќа удрил во паркиран трактор при што се здобил со тешки телесни повреди.
-Синоќа во 21:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека на улицата „Дебарски конгрес“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од А.Х.(27) од Дебар удрил во паркиран трактор. Притоа, возачот на четирициклот се здобил со...
Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава, истакна Костадиновски
Честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден упати и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски
- Денес, 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со воодушевеност си припомнуваме за епохалните победи и незаборавените жртви на нашите илинденци, на создателите на нашата Република.
Илинден е вечна инспирација за современа и праведна држава, симбол...
Продолжува борбата за интеграција на земјата во ЕУ, но и обединување, истакна Филипче од Крушево
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево упати честитка по повод 2 Август, Денот на Републиката - Илинден.
-Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ....








































