Коѕијас го брифирал Столтенберг за текот на преговорите за името
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас го известил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за текот на преговорите за името, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Коѕијас на вчерашната средба во позитивен контекст му го споменал фактот што Северноатлантската Алијанса останала надвор од преговорите.
- Според дипломатски извори, Коѕијас го извести Столтенберг за текот на преговорите за името со ПЈРМ...
Лидерите на Јужна и на Северна Кoреја на историска средба најавија нов почеток
Лидерите на Јужна и на Северна Кoреја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун денеска срдечно се ракуваа на почетокот од историската средба во демилитаризираната зона на границата меѓу двете држави.
Откако Ким ја премина демаркациската линија на зоната, го повика претседателот Мун за момент да премине на територија на Северна Кореја. Мун тоа го стори иако тоа не беше дел...
Продолжува рочиштето по жалбата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Продолжување на рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е закажано за денеска во Врховниот суд во Атина, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања.
Рочиштето минатиот месец се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. Ваквото барање до шесточлениот совет на судии и...
Тековно одвивање на сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите...
Состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони
Состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, ќе се одржи денеска во Скопје, на кој домаќин е македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и седум претседатели и еден премиер ќе учествуваат на состанокот.
Официјално своето присуство го потврдија претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора...
Трамп во посета на Велика Британија на 13 јули
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Претходно планираната посета на Британија, беше откажана во јануари.
Информацијата ја потврдија и британскиот амбасадор во САД, Ким Дарк и од Даунинг стрит.
- Претседателот Трамп ќе ја посети Велика Британија на 13 јули. Ќе има билатерални разговори со премиерката Тереза Меј за...
Годишнина од насилствата во Собрание
Денеска изминува една година по настаните во Собранието на Република, кога демонстранти од пред Собрание упаднаа во собраниските простории и ги нападнаа пратениците од опозицијата.
Tокму денеска во Кривичниот суд ќе се гледаат видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април на рочиштето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, кој беше најтешко повреден во
овие настани. За нападот...
Амбасадорот на Израел тврди дека Иран обучува борци во база близу Дамаск
Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Денон го обвини Иран дека регрутирал најмалку 80.000 шиитски борци кои ги обучува во база близу Дамаск.
- Тоа што може да видите е главен регрутен центар на Иран во Сирија. Таму има повеќе од 80.000 шиитски екстремисти под иранска контрола - изјави тој пред СБ на ОН, покажувајќи мапа.
Тој додаде дека во таа...
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови со умерен развој...
Без вода дел од населба Аеродром
Поради испитување на водоводна мрежа на улица Васко Карангелевски бб, во населба Аеродром, денеска без вода ќе бидат корисниците од Касарната во Аеродром, Воениот хотел и Воениот базен.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, по информација добиена од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на испитувањето.







































