Две лица затруени, повикана итна седница на британскиот Комитет

Комитетот на  британската Влада за реагирање во вонредни ситуации одржа вонредна седница во врска со денешниот инцидент во областа Вилтшир во југозападна Англија, каде беа пронајден две лица во бессознание. Портпарол на британската премиерка Тереза Мај соопшти дека случајот со две лица, кои најверојатно се затруени, го испитуваат припадници на антитерористичките полициски сили и се третира како „најсериозно можно" труење.  „Сан" објави дека...

Разбиена меѓународна мрежа за шверц на антиквитети

Италијанската полиција во соработка со полициските служби на неколку европски земји, разби меѓунардна мрежа за шверц на антиквитети, при што се уапсени 23 лица. Како што јави ДПА, покрај во Италија, припадници на шверцерската мрежа биле уапсени и во Велика Британија, Германија и Шпанија. При операцијата се запленети над 3.000 артефакти, чија вкупна вредност е проценета на над 20 милиони евра. Најголемиот...

Да се заштитат вредните подводни артефакти во Албанија сметаат археолозите

Странски археолози ги повикаа албанските власти да изградат музеј каде ќе бидат поставени стотици археолошки артефакти од римско и античко време, како и остатоците од древни бродови, кои се наоѓаат во морето, а не се истражени. Археолозите кои учествуваат на Конференцијата за подводна археологија во Албанија, предупредија дека вредните артефакти под вода близу југозападниот брег на земјата во близина на...

Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија, постои масовна пререгистрација на фирмите

Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија како најголем проблем со кој се соочуваат бидејќи анализите направени од нивна страна покажуваат дека во 2018 година има масовна пререгистрација на фирмите и нивно прибегнување да работат нерегистрирано. - Се работи за тренд кој рапидно почна да се зголемува во 2018 година. Она кое го гледаме е дека компании кои биле активни на пазарот,...

Почна реорганизација на Фени, Собранието на доверители го прифати планот на ГСОЛ/Еуроникел

Собранието на доверители на ФЕНИ Индустри гласаше за планот за реорганизација на ГСОЛ/ ЕуроНикел и од денеска започнува реорганизација на ФЕНИ Индустри. - Денеска е навистина голем ден за ФЕНИ затоа што дојде до кулминација на процесот што траеше многу месеци. Од првиот ден откако дојдовме во Македонија, кажавме само една работа, дека наша цел е ФЕНИ да стане најуспешен...

Тендерската постапка за реконструкција на патот во Долно Лисиче е во тек

Општина Аеродром денеска информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Во соопштението од општината се наведува дека се во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево. По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме...

Заев: Британската поддршка долнителна мотивација за интеграциите во ЕУ и НАТО

Огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани. Ова го истакна премиерт Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во која беа Ричард Мур, генерален...

Меркел го предупреди Трамп за опасноста од „вистинска трговска војна“

Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп на опасноста од „трговска војна“ доколку САД ги спроведат заканите за воведување такси за увоз на странски автомобили. - САД веќе предизвикаа „трговска војна“ по воведувањето такси за увоз на челик и алуминиум, но би можеле да „предизвикаат вистинска трговска војна“ со воведување данок на увоз на автомобили - рече...

Европарламентот го одобри договорот ЕУ-Ерменија

Со 573 гласа „за“ и 50 „против“, пратениците во Европскиот парламент денеска го одобрија договорот за соработка меѓу ЕУ и Ерменија, склучен во ноември 2017. Овој договор треба да ги продлабочи односите помеѓу ЕУ и Ерменија, како на политичко, така и на економско ниво. Договорот предвидува билатерална соработка на сите клучни полиња, како трговија, енергија, транспорт, животна средина и образование. ЕУ...

Пекинг најави контрамерки за санкциите од САД

Кина денеска соопшти дека е „целосно подготвена“ за трговска војна со САД. Царините што ги воведе Вашингтон за стока од Кина ќе стапат на сила во петок, а Пекинг најави контрамерки. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг изјави дека Кина е „целосно подготвена за пакет неопходни мерки“ за да ги зачува своите национални интереси. - Се надеваме дека...