НБА плеј-оф: Милвоки славеше над Бостон

Јанис Адетокунбо забележа 31 поен и 14 скока во победата на Милвоки со 97:86 против Бостон со која Бакс ја израмнија серијата на 3-3 во првиот круг на плеј-офот во НБА. Седмиот натпревар ќе се одржи во „ТД Гарден“ во Бостон во сабота. Крис Мидлтон и Малком Брогден постигнаа по 16 поени за „елените“ откако последниот беше прецизен од зоната...

Ентони Хопкинс во улога на папата Бенедикт

Осумдесетгодишниот актер Ентони Хопкинс ќе го игра папата Бенедикт Шеснаесетти во филмот за животот на Џозеф Рацингер, од моментот кога станал поглавар на Римокатоличката црква сè додека не се повлече од таа должност. Ханибал Лектор од познатиот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ за потребите на снимањето на филмот прошета низ Рим во папска униформа, со голем златен крст околу...

Том Харди се трансформира во стрип-јунакот Веном

Филмофилите деновиве имаа можност да го погледнат трејлерот за филмот „Веном“ на режисерот Рубен Флејшер. Во ова остварување Том Харди го игра Еди Брок, кој подоцна се претвора во стрип-јунакот Веном. Веном е вонземјанин направен од лигава течна супстанција, која лесно се претвора во домаќинот, а најчесто тоа е обичен човек. Оригинално бил негативец, но со текот на времето станал...

Симеоне може да заработи суспензија од три меча

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне може да добие казна од три натпревари поради своето однесување за време на првиот полуфинален меч од Лига Европа против Арсенал во Лондон, кој заврши 1:1. Аргентинецот буквално полуде од критериумите на судијата Клеман Турпен. Во 10-тата минута Французинот го избрка Шиме Вршаљко со втор жолт картон поради фаул против фудбалерот на Арсенал. Во...

Тарантино: Мојот нов филм ќе биде насилен и мрачен

Оскаровецот Квентин Тарантино ја разгоре фантазијата на присутните на отворањето на конференцијата на „Синема Кон“, која неодамна се одржа во Лас Вегас, со изјавата дека ѕвездите во неговиот нов филм, Леонардо ди Каприо и Бред Пит, би можеле да стекнат култен статус, како славната филмска двојка Пол Њумен и Роберт Редфорд. Филмот „Беше еднаш во Холивуд“, кој ќе се снима...

Скандалот „Вајнстин“ на големото платно

Продукциските куќи „Анапурна“ и „План Б“, во соработка со новинарите од „Њујорк тајмс“, кои го открија секс-скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, планираат да снимат филм. Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, кој исто така претстави истражувачка новинарска сторија. Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани...

Венгер разочаран од ремито со Атлетико Мадрид, но оптимист за реваншот

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е оптимист во врска со шансите на „топџиите“ да стигне до финалето во Лион, иако синоќа во првото полуфинале на Лига Европа на домашен терен Арсенал ремизираше 1:1 со Атлетико Мадрид. Во поголемиот дел од натпреварот, Атлетико играше со фудбалер помалку, откако Вршаљко го напушти теренот поради два жолти картона. - Ако го погледнеме целокупното претставување...

Изложба на турски печати во Кавадарци

Денеска во Музеј-галерија Кавадарци ќе биде отворена необична изложба на турски печати под наслов „Отпечатена историја“ чиј автор е д-р Александар Литовски. Изложбата се реализира во соработка со НУ Завод и музеј- Битола. Печатите несомнено се извор на историски податоци кои истовремено ја потврдуваат вредноста, валидноста и веродостојноста на некој документ. Проучувањето и презентирањето на печатите од отоманскиот период може...

Ќе се екранизира „Долгата прошетка“ на Стивен Кинг

Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот заснован на книгата „Долгата прошетка“, која авторот на хорори Стивен Кинг ја издаде во 1979 година. По ланскиот хорор-хит на Кинг, „Тоа“, продукциската куќа „Њу лајн синема“ ги откупи правата и за овој проект. Приказната е сместена во иднината во САД и се однесува на натпревар во пешачење со сурови правила, организиран од тоталитарната...

Промоција на книгата „Времето на Перонов“ на Санта Аргирова

Книгата „Времето на Перонов“ на Санта Аргирова, вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Култура“, која е издавач на делото. „Времето на Перонов“ е веројатно најмрачниот и најмачен дел од трилогијата на авторката Санта Аргирова. По негативните ликови во „Портретот од Дрезден“ и во „Добро утро Јаков“ ликот на Перонов е кулминација на злото кое човек на човека може да...