Чембрлен нема да игра ниту на Мундијалот
Алекс Окслејд-Чембрлен (24), фудбалерот за врска на Ливерпул, ги повреди лигаментите на десното колено на полуфиналниот меч во Лигата на шампионите (ЛШ) со Рома (5-2) и нема да игра ниту на Светското првенство (СП) во Русија, соопштија од неговиот клуб по направените снимки. Окслејд-Чембрлен одигра 32 меча за Англија. Тој лани потпиша за Ливерпул од Арсенал за околу 40...
Се засили трката за Европа
Откако Шкендија ја обезбеди титулата во Првата фудбалска лига, продолжува трката за 3-то место. Работнички во 30-то коло го победи Вардар со 1-0, остана четврти со 41 бод, четири помалку од Силекс. Вардар е втор со 49 бода. По Работнички следуваат Ренова со 37, Академија Пандев и Шкупи (има и меч помалку, со Пелистер) со по 36, Победа 29,...
„Јане Сандански“ е тешко освоива тврдина
Последниве пет сезони во ЛШ, Вардар дома oдиграл 38 средби, забележал 28 победи
(73 отсто успешност) и четири пати ремизирал
Актуелниот европски ракометен првак Вардар е на чекор до втор пласман на фајналфорот во Лигата на шампионите (ЛШ) во Келн, а со тоа и можност прв да ја одбрани титулата, откако ЛШ се игра во овој формат. По победата на првиот...
Дете паднало од балкон во Куманово
Едногодишно дете од Куманово паднало од балкон, по што е пренесено во кумановскиот здравствен дом, а оттаму на клиниките во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Егејска Македонија дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.
Детето било пренесено во Јавната...
Џиро д`Италија почнува од Израел
Ова ќе биде прва грантур-трка, со почеток надвор од Европа, а главни фаворити за триумф се ланскиот победник Думулан и Фрум, четиркратниот победник на Тур де Франс, кој за да вози на Џиро ќе добие 1,4 милион евра
На 4 мај почнува 101-то издание на познатата велосипедска трка Џиро д`Италија, една од трите т.н. грантур-трки, заедно со францускиот Тур де...
Османи: Македонија наскоро ќе стане дел од Јадранско – Јонскиот макро регион
Очекувам набрзо да се приклучиме на Италија и на останатите земји во Јадранско - Јонскиот макро регион, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со генералниот директор на Директоратот за Европската унија при Министерството за надворешни работи на Италија, Џузепе Бучино.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи изразил благодарност за досегашната поддршка на...
Со „снежен“ меч во Сочи се одбележаа 50 дена до СП
На над 2.000 метри надморска височина, во снежниот Сочи се одигра фудбалски натпревар со кој беа одбележани 50-те дена до почетокот на Светското првенство во Русија и со кој беше поставен еден рекорд. Мечот помеѓу легендите на Русија и легендите на Сочи заврши со реми, 3-3. Тоа беше и фудбалски натпревар одигран на најголема надморска височина во Русија, јавија...
Во вечер на бекови и резерви, Реал победи и без гол од Роналдо
Реал ја забележа рекордната 150-та победа во ЛШ (завчера над Баерн со 2-1), за Роналдо, кој првпат сезонава не постигна гол, тоа беше рекорден 96-ти триумф во ЛШ, во мечот во кој два гола постигнаа бекови и еден резервен фудбалер
Актуелниот европски првак Реал Мадрид забележа победа на гости над Баерн во Минхен со 2-1 во првиот полуфинален меч во...
Над 500.000 туристи за време на СП?
Очекуваме околу 500.000 странски туристи во Русија за време на Светското фудбалско првенство. Многу региони за еден месец, за време на Мундијалот, ќе го исполнат годишниот план за број на туристи, изјави Алексеј Сорокин, генералниот директор на организацискиот комитет, пренесе „ТАСС“.
Мечевите треба да се играат во Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калининград, Волгоград, Ростов, Нижни Новгород, Екатеринбург и...
Култниот филм „Одисеја 2001“ се враќа во киносалите
Пред 50 години филмот „Одисеја 2001“ ја смени во целост филмската индустрија. Оваа година ова остварување повторно се враќа на големите екрани, но приспособено на новите технички услови. Култниот филм во режија на Стенли Кјубрик е снимен во 1968 година. Славниот режисер беше и продуцент, а го напиша и сценариото според упатствата на познатиот писател на научна фантастика Артур...







































