Празник на спортот, радоста и на заедништвото
И годинава фестивалот ги надмина нашите очекувања по сите параметри, што е доказ дека растеме, вели Коста Хиохи, претседател на СРК Соларис Струга
ВО СТРУГА СЕ ОДРЖА ЧЕТВРТИОТ СПОРТСКИ ФЕСТИВАЛ „ИЛИНДЕН 2025“
Во празнична атмосфера и пред повеќе од 3.000 посетители, во водите на Црн Дрим во Струга четврти пат се одржа спортскиот фестивал „Илинден 2025“. Настанот, кој станува традиција, и...
Ехото од Мечкин Камен
Владеењето на правото и борбата против корупцијата, како меритократски институции, се столбот на секоја држава. Доколку ја намалиме високата корупција и имаме институции во вистинска смисла на зборот, ќе имаме држава што ќе може да ги заштитува своите национални интереси, но и да испорачува добросостојба за сите македонски граѓани, без разлика на етничката припадност. Истовремено ќе имаме и адути...
Не сме стебло без корен!
Во нашата историја нема црни дамки, не сме вршеле репресалии, асимилации и депортации. Како мал, храбар и миротворен народ, секогаш сме биле на праведната страна на историјата, на страната на слободата, на страната на антифашизмот, на страната на антиколонијализмот. Ние не сме стебло без корен. Нашата слобода и нашата република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските...
Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.
-Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, им рече Трамп на новинарите...
Мир и профит
Мир или профит или дали има крај? Тајланд започна воздушна кампања против Камбоџа откако по инцидент се убиени двајца негови граничари. Потоа започнале директни судири со пушкомитралези и минофрлачи на шест невралгични точки по должината на заедничката граница во француската колонијалистичка терминологија позната како „крвава линија“. Далеку од можноста воените кампањи на Русија и Израел да запрат. Понекаде под...
Мала мозочна молекула би можела да биде клучот за учење, меморија и третман на Алцхајмеровата болест
Колку и да знаеме и разбираме, функцијата и градбата на човечкиот мозок остануваат голема енигма и предизвик. Последниве декади научната мисија во невронауката е посветена на откривањето многу нови феномени поврзани со функционирањето на човечкиот мозок. Тоа особено се однесува на истражувања што би помогнале за можна превенција, рано откривање и, најмногу, забавување на процесот познат како пресенилна Алцхајмерова...
„Кратово“ на Гонца Перунковска – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата „Разгледница“ на авторот Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
- Во центарот на еден од најстарите градови на Балканот, древно Кратово со богата историја, многу кули и камени мостови. Времето тука како да застанало, за да остави сведоштво и траги од постоењето на староградска македонска архитектура, прекрасните куќи со автентичните чардаци - вели...
ЦУК: Активни четири пожари, два под контролаЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод.
Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во...
Почина Душко Чифлиганец
По несреќа со мотор почина Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора бизнис групација“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.
Несреќата се случила вчера попладне на мото трка во Брно, Чешка.
Тој паднал од мотор во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на главата.
Несреќата се случила вчера попладне, и неофицијално, повеќе од 24 часа се борел за живот во болница...
Во Велика Британија издадено портокалово предупредување поради бурата Флорис
Метеоролошката служба на Велика Британија денеска издаде портокалово предупредување за областа на Шкотска, бидејќи се очекува бурата Флорис утре да го погоди тој дел од Обединетото Кралство, со ветрови кои би можеле да достигнат до 145 километри на час.
Според најавите, бурата ќе донесе „невообичаено силен ветер“ во поголемиот дел од Шкотска, пишува Скај њуз.
Се очекуваат ветрови со брзина од...








































