Снимките од насилството во Собранието се емитуваат во Кривичниот суд

Видео-снимки од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија и камерите од присутните медиуми во прес центарот од настаните од 27 април минатата година, се прикажуваа денеска во Кривичниот суд во Скопје, на судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села, во кое на обвинителната клупа се наоѓаат десет лица. Се прикажуваа две снимки од собраниските камери за случувањата во предпросторот...

АБА се враќа со нови песни по пауза од 35 години

Славната шведска музичка група АБА објави дека снимила нови песни по пауза од 35 години, пренесуваат светските медиуми. Четиричлениот состав што порададе стотици милиони плочи низ светот во текот на кариерата, соопшти дека снимил две нови песни, преку социјалната платформа „Инстаграм“. - Сите сметавме дека би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во музичко студио. Па го...

Предлог-законот за енергетика предаден на второ читање

Матичната собраниска Комисија за економски прашања на денешната седница го разгледа Предлог-законот за енергетика, во прво читање, и едногласно, со шест гласа „за“ заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање. На почетокот, пратениците од опозицијата ја напуштија седницата на Комисијата и обвинија дека законот за енергетика е смислено обемен и хаотичен и наместо да...

Иванов ги пречека учесниците на состанокот во процесот Брдо-Бриони

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ попладнево почна состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес. На состанокот присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,...

Напаѓач со нож уби седум средношколци во Кина

Најмалку седум ученици го загубија животот, а 12 се повредени во напад на маж вооружен со нож во средно училиште во северна Кина. Напаѓачот е уапсен и засега не е познат мотивот за нападот што се случил во школо во покраината Шанси на север во државата. Повредените деца се хоспитализирани. Германската агенција ДПА и британски медиуми јавија дека нападот се случил во...

Националната стратегија за дијаспора ќе биде доставена до Собранието до јуни

Текстот за Националната стратегија за дијаспора нашето Министерство ќе го достави до Владата до крајот на јуни, изјави синоќа министерот за дијаспора Едмонд Адеми. Адеми е во неколкудневна посета на САД, каде во понеделникот во Њујорк имаше излагење во Универзитет Колумбија на тема Македонија и улогата на дијаспората во интегративните процеси на НАТО и ЕУ. - Со оглед на тоа што...

Потпишан договор за соработка меѓу Скопје и Атина

Договор за соработка меѓу Скопје и Атина денеска потпишаа градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис. - Со потпишувањето на овој Договор со Атина ќе размениме информации, искуства, нови практики и ќе негуваме соработка во разни области на нашата работа и надлежност како што се градската администрација, управување со јавни услуги, урбан развој и отпорност, заштита на...

Глазгов Ренџерс го посакува Џерард на менаџерската позиција

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард добил понуда да стане менаџер на Глазгов Ренџерс. Пред шест години, шкотскиот гигант беше исфрлен во четвртата лига поради акумулирани долгови, пред две години успеа да се врати во елитата, но сепак не успева сериозно да им се закани на неговите најголеми ривали. Актуелниот менаџер Грим Марти не направи исчекор, па Ренџерс бара ново долгорочно...

Ким Џонг-ун во автомобил, обезбедувањето во трк го штити возилото

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун на историскиот состанок со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин со себе повел голем број телохранители. Кога дошло време за ручек, севернокорејскиот лидер влегол во својот луксузен автомобил и се одвезол на својата страна од границата, додека 12 телохранители трчале покрај автомобилот. Како што Ким изјави за време на состанокот, „срцето му биело како лудо“,...

Мицотакис: Без промена на уставот, нема решение за проблемот со името

Решение не може да постои без претходно соседната земја да го промени нејзиниот устав и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот, вели Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи пред одговорните на различните сектори во Нова демократија. Мицотакис смета дека начинот на кој владата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори...