Папата избра новинар за портпарол на Ватикан

Папата Франциско го именуваше италијанскиот новинар Паоло Руфини за шеф на ватиканската служба за комуникации, што е првпат на чело на некоја служба на Светата столица да се најде припадник на световната заедница.  Руфини доаѓа на местото кое беше ослободено во март, каде дотогаш се наоѓаше монсињор Дарио Вигано, кој беше принуден да поднесе оставка откако погрешно го претстави писмото...

Во Албанија регистрирани над 300 земјотреси за 24 часа

Албанското тло и понатаму се тресе од вчера во 11:02 часот кога беше регистриран најсилниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала до попладнево регистрирани се повеќе од 300 земјотреси со различна јачина. - Регистрирани се над 300 земјотреси. Тие се со послаба магнитуда и пополека се редуцираат. Неослободената енергија ќе продолжи да се ослободува. Поаѓајќи од типологијата...

Тешка сообраќајка на патот Кочани- Делчево

Тешка сообраќајна несреќа, во која е повредено едно машко лице се случи попладнево на магистралниот пат Кочани-Делчево во близина на браната Калиманци. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека се уште не е утврден идентитетот на лицето. Несреќата се случила во 15:50 часот меѓу тешко товарно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и автомобил марка „опел“ без регистарски...

Фолксваген и Рено ќе претстават услуги за заеднички превоз со електрични возила

Фолксваген и Рено ги објавија плановите да им понудат на своите клиенти услуги за споделување на електрични автомобили. На овој начин, компаниите се надеваат дека ќе промовираат „одржлива мобилност“ во големите градови. Германскиот производител потврди дека има намера да пушти сопствена услуга базирана на платформата „VW We“ во Германија во 2019 година. Ако се оди според планот, компанијата ќе...

Морнарицата на САД подготвена да обезбеди слободна пловидба

Американската морнарица е подготвена да обезбеди слободна пловидба и слободен трговски сообраќај, изјави денеска портпаролот на Централната команда на војската на САД, капетан Бил Урбан откако Иран се закани дека ќе ги блокира бродовите кои превезуваат нафта преку Ормушки Теснец доколку Вашингтон забрани продажба на иранска нафта. - САД и нивните партнери пружаат и промовираат безбедност и стабилност во регионот....

Чилиќ и Вавринка ги завршија настапите на Вимблдон

Минатогодишниот финалист, Марин Чилиќ (број три) отпадна од турнирот во Лондон откако дозволи пресврт против Гвидо Пеја и изгуби со 6:3, 6:1, 4:6, 6:7 (3), 5:7. Средбата започна вчера, но беше прекината поради дождот во Лондон и беше доиграна денеска. Аргентински тенисер до оваа година го немаше поминато првиот круг на Вимблдон, но постигна исклучителен пресврт.    Така во третиот круг Аргентинецот...

Таневска: УНФПА помага во воведувањето најсовремени протоколи за водење бременост и породување

Унапредување на капацитетите на здравствените работници и воспоставување на модерни системи за градење на тие капацитети, како и воведување на најсовремени протоколи и стандарди на СЗО за водење на бременоста и породувањето со цел намалување на смртноста кај новороденчињата и мајките, се дел од активностите кои во Македонија ги спроведува Фондот за население на ОН.  Соња Таневска помошник - претставник на...

Максути во Австрија: Македонија е подготвена да чекори кон евроатланската интеграција

Заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во Австрија оствари средби со генералниот секретар во Федералното министерство за одбрана Волфганг Бауман и со директорот за одбранбена политика генерал - мајор Јохан Франк. На средбите станало збор за интензивирање на билатералните односи, особено во одбраната и за очекувањата за добивање покана за членство во НАТО. Од Министерството за одбрана информираат дека на средбата...

Меѓународен фолклорен фестивал во Кичево

Од 6-ти до 9-ти јули по единаесетти пат во Кичево ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „ Д-р.Владимир Полежиноски“. Во трите фестивалски дена на платото пред Центарот за култура ќе продефилираат десетина фолклорни ансамбли и фолклорни групи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Мексико и Македонија. На годинешното единаесетто по ред издание на Меѓународниот фолклорен фестивал што од 6-ти до 9-ти...

Меркел и Орбан истакнаа различни ставови за мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска истакнаа различни ставови за прашањата за мигрантите, наведувајќи дека се расположени да продолжат да разговараат. На заедничка прес конференција во Берлин, Меркел изјави дека сака да ја заштити европската „хуманост“ кога станува збор за начинот на кој се третираат мигрантите и оти најверојатно е тоа по што се разликуваат. Орбан наведе...