Македонци, Македончиња и Македончишта

А знаете ли што е македонољубец? Македонољубец е именка од машки род и го маркира оној што ја љуби Македонија. Тој најмногу служи за употреба како книжевен збор, за да се означи подостарен романтичен Македонец. Збор што е замена за патриот, за родољубец, зборови на кои им врви модата и кои полека ќе се исфрлуваат од употреба зашто не...

Промоција на „Про музика“ и балет „Либертанго“ на „Скопско лето“

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска во рамки на „Скопско лето“ ќе ја промовира книгата „Про музика“ на музикологот Костадин Костадиновски, која содржи 150 рецензии за домашни и странски музички уметници, есеи, портрети, интервјуа, занимливости и анегдоти. - Тие се историја на тридеценискиот музички живот илустриран со 50 фотографии. Изобилува со значајни настани од сите музички жанрови со широк стилски...

Спасувач се задушил, носејќи кислород во пештерата Там Луанг

Поранешниот нуркач на тајландската морнарица Саман Кунан (38) загина во акцијата за спасување во Тајланд, објави Би-би-си. Тој загубил свест при излегувањето од пештерата Там Луанг, каде што дотурал кислород на заробените 12 деца и нивниот фудбалски тренер. - Неговата задача беше да однесе кислород, а тој самиот остана без кислород при излегувањето - кажа заменикот-гувернер на областа Чијанг Раи. Кунан бил...

Нов тест за трансатлантското партнерство

Однесувањето на Трамп и неговото демонтирање на одамна воспоставените норми на глобалната дипломатија го иницираат прашањето дали НАТО, сојузот што ја зачува глобалната стабилност по најмрачните денови на Студената војна, е следниот основачки блок на актуелниот светски поредок што американскиот претседател сака да го откорне Трансатлантските односи повторно се соочуваат со голем предизвик, а американскиот претседател Доналд Трамп не го...

Четири сообраќајки вчера во Скопје, повредено едно лице

Едно лице било полесно повредено во една од вкупно четири сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, двајца не...

Десетици жртви од топлиот бран во Канада

Необично топлиот летен бран уби најмалку 33 лица во канадската провинција Квебек, соопштија локалните власти. Температурите достигнаа до 45 степени во Монтреал, при што 18 лица починаа. Повеќето од жртвите се постари мажи, кои живееле на високите катови на згради и немале клима уреди. Топлиот бран почна при крајот на јуни, и го зафати источниот дел на Канада, а метеролозите очекуваат да...

Ново рочиште за „Титаник 2“

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето по предметот на СЈО, „Титаник 2“. Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета...

Ситуацијата на децата во пештерата во Тајланд влошена, спасувачи волонтери направиле грешка

Ситуацијата со децата заглавени во пештерата на Тајланд е влошена откако за време на операција за спасување, спасувачите волонтери ненамерно впумпале дополнителна количина вода наместо да ја испумпаат. Командирот на акцијата за спасување Наронгсак Останакорн рече дека волонтерите, дејствувајќи самостојно, впумпале вода во дел од пештерата кој е поплавен и кој моментално се празни со цел децата, заедно со својот...

Сончево време со температура до 36 степени

Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9. Во Скопје слично време...

Драстичниот пад на турската лира ги направи 18 илјади Турци милионери

Околу 18 илјади Турци станале милионери, откако вредноста на турската национална валута, лирата, достигна рекордно ниско ниво, информира „Хуриет дејли њуз". Бројот на турски милионери се зголемил во последните пет месеци од 138.980 на 156.866 со падот на лирата, покажуваат податоците на Агенцијата за банкарска контрола и регулација.  Турските милионери во земјата и во странство имаат вкупно 1,37 трилиони турски лири....