Рускиот патријарх Кирил допатува во Тирана

Патријархот московски и на цела Русија Кирил попладнево допатува во прва посета на Албанија. Под силни бебзедносни мерки високата црковна делегација на меѓународниот аеродром во Тирана беше пречекана од Поглаварот на Албанската афтокефална православна црква (ААПЦ), Анастас Јанулатос, придруживан од членови на Светиот aрхиерејски sинод. Патријархот Кирил во Албанија ќе престојува до понеделник, а во рамки на посетата ќе има и...

Зимбабве ја легализира марихуаната за медицински и научни цели

Зимбабве е една од ретките африкански држави што го легализира производството на марихуана во медицински и научни цели. Владата на Зимбабве соопшти дека поединци и корпорации можат да конкурираат за добивање на лиценци за одгледување на марихуана.  Производството и поседувањето на марихуана во Зимбабве се казнува и до 12 години затвор. Додека рекреативното комзумирање е илегално. Прва африканска држава, која одобри користење...

Соња Стојменска Елзесер нов претседател на ДПМ

Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на пистели на Македонија.  Таа денеска на Собрание на оваа асоцијација доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Против кандидат и беше Оливера Доцевска, која доби поддршка од 13 членови. Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св....

Згролемена фреквенцијата на возила на ГП Богородица за излез кон Грција

Зголемена фреквенција на возила и патници денеска е забележана на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница. За излез од утрово на овој граничен премин на македонска страна работеле шест ленти, а времето на чекање не било подолго од 15 минути. Од Граничниот премин информираат дека во однос на вчерашниот ден забележано е зголемување за 100 проценти. Од утрото до пладне поминале...

Хутите повторно ракетираа цели во Саудиска Арабија

Јеменските шиитски бунтовници Хути соопштија дека истрелале осум балистички ракети врз градот Џизан во Саудиска Арабија. Саудиската државна телевизија јави дека воздушната одбрана пресретнала четири од осумте истрелани ракети и оти при нападите не е причинета материјална штета и нема жртви. Но, Хутите тврдат дека ракетите ги погодиле метите со „голема прецизност“. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија претходно соопшти дека при нејзиниот...

Втора Национална конференција на Македонскиот модел на ОН

Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје се одржа седмата Национална конференција на Македонскиот модел на Обединети Нации. На конференцијата учествуваат млади од повеќе градови од Македонија кои влегуваат во улогата на вистински дипломати на државите членки на ОН и преку конструктивна дебата на реални глобални прашања ја симулираат работата на различни комитети на Обединетите Нации. -...

Наредната недела ќе се знае кој ја загадува Брегалница

Локален и државен инспектор за животна средина го истражуваат случајот со загадувањето на реката Брегалница во штипскиот регион. Пред два дена реката  беше обоена од тешки хемикалии, кои се користат во индустријата. Сенка Андреева инспектор за животна средина во Општина Штип вели дека се земени мостри од пет фабрики во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“. Токму и од колекторот за...

„Метаноја“ најдобар бенд, Виктор Захариев најдобар гитарист на „Рок фест 2018“

Скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“, е победник на годинешново издание на „Рок фест“, а Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инстурменталист. Веднаш по завршувањето на свирката, на Захариев му беше врачена нова електрична гитара „Јамаха - Пацифика“ од музичкиот салон „До-ре-ми“. Натпреварувачката вечер на „Рок фест 2018“, се одржа синоќа во Младинскиот културен центар во Скопје,...

Јужнокорејските медиуми скептични за самитот Мун – Ким

Јужнокорејските медиуми средбата на лидерите на Јужна и Северна Кореја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун ја поздравија со одредена претпазливост. Тие потенцираат дека немало одлучен и недвосмислен ангажман за откажување на Пјонгјанг од нуклеарната програма.  Конзервативниот дневен весник „Чосун“ оцени дека средбата Мун - Ким е позитивна за подобрување на билатералните односи, но оти има недоречености за главниот проблем -денуклеаризацијата. -...

ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април, живот дојде за луѓето од власта

Една година после 27-ми април, ситуацијата е следна. СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. Животот дојде само за криминалниот картел во власта. Се краде на ангро, а ниту еден граѓанин не живее подобро, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. -Отворање на нови работни...