Вардар ќе го брани европскиот трофеј во Келн
Ракометарите на актуелниот европски првак Вардар по вторпат се пласираа на завршниот фајналфор во Лигата на шампионите (ЛШ), и покрај тоа што загубија од силниот германски претставник и поранешен трикратен европски првак Кил 27-28, во четвртфиналната реванш-средба одиграна попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Вардарци поради повеќе голови дадени на гости, а при еднаков вкупен резултат (56-56), успеја да го елиминираа...
Димитров: Ќе сториме се Извештајот на ЕК во јуни да го преточиме во политичка одлука
Успеавем да добиеме досега најуспешен извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи.
Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и...
Сириската армија ослободи четири села источно од Еуфрат
Сириската армија денеска соопшти дека освоиле неколку села источно од реката Еуфрат во источната провинција Деир ел Зор, кои беа под контрола на Сириските демократски сили.
Сириската новинска агенција САНА јави дека сириската армија освоила четири села и се приближува кон главниот град на истоимената провинција.
Сириските владини сили многу ретко преминуваат на источниот брег на Еуфрат.
Поголемиот дел од провинцијата Деир...
Руски твитер-профили лобирале за британската опозиција
Од руски твитер-профили објавувани се пораки за поддршка на опозициската Лабуристичка партија во обид да се влијае врз минатогодишните парламентарни избори во Велика Британија, покажува истражувањето на Универзитетот Свонси и „Сандеј тајмс“.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека од околу 6.500 автоматски профили се испраќани пораки со поддршка за лидерот на лабуристите, Џереми Корбин и неговата политика.
Исто така во пораките е...
Помпео: Иран го дестабилизира Персиски Залив
Американскиот државен секретар Мајкл Помпео денеска во Ријад ја истакна потребата за единство во Персискиот Залив, во момент кога Вашингтон се обидува да добие поддршка од сојузниците за нови санкции кон Иран.
Тој наведе дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор постигнат со Иран во 2015 година доколку Вашингтон не се договори со европските партнери да се измени мултилатералниот договор...
Меј, Меркел и Макрон за проширување на Договорот со Иран
Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија денеска се согласија дека важечкиот договор со Иран е најдобар можен начин да се спречи Техеран да се стекне со нуклеарно оружје, се наведува во соопштението на Даунинг стрит 10.
Британската премиерка Тереза Меј во денешните телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија дека Договорот со...
Путин: Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Сеул и Пјонгјанг
Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Северна и Јужна Кореја, пред се за трилатералната инфраструктура и енергетските проекти на Корејскиот Полуостров.
- Потврдена е подготвеноста на Русија и понатаму да помага во воспоставувањето на соработка меѓу Северна и Јужна Кореја - се наведува во...
За еден ден регистрирани над 70 шумски пожари во источна Русија
Повеќе илјади луѓе и десетина канадери се обидуваат да изгаснат над 70 пожари, што избија во последните 24 часа во источна Русија.
Пожарите уништија 187.000 хектари шума и нискостеблести растенија.
Од огнот најпогодена е областа Амур.
Во гаснењето на пожарите учествуваа 2.800 пожарникари со 495 возила и 25 канадери.
Тепачка на бензинска на булевар „Борис Трајковски“
Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од...
МВР вклучена во потрагата по двајцата косовски полицајци
Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата.
Како што изјавија од МВР, се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.
- Веднаш штом ќе имаме нови инфомации ќе ја известиме јавноста - рече портпаролот...







































