Во Кичево реализиран превентивно –едукативниот проект „Соседска патрола“
Припадници на СВР Охрид и ОВР Кичево во придружба на новинари и други субјекти од градот, го реализираа проектот„ Соседска патрола“.
Во реализацијата на овој проект вклучените субјекти посетија повеќе угостителски објекти во градот, за на лице место се уверат каква е структурата на гостите , дали се служи алкохол на малолетни лица и дали родителите се доволно информирани каде...
„Пиета во прекривките на ургентноста“ на Велимир Жерновски – наш претставник на Венециското биенале
Реплицираниот монумент на третата од Микеланџеловите пиети, конструиран од современи материјали, авторот го прекрива со заштитни „златни“ фолии користени од страна на современите бегалци, бездомници, страдалници и луѓе заобиколени од човечката емпатија
Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa...
Музичко доживување во кое се спојуваат страсниот звук на биг бендот и магијата на џезот
По концертот на Националниот џез-оркестар на „Сплитско лето“
Националниот џез-оркестар одржа успешен концерт на 30 јули во Сплит, кој беше дел од престижниот фестивал „Сплитско лето“. Под ѕвезденото небо, на древниот Перистил, оркестарот, заедно со извонредната Марија Мендеш и под диригентската палка на маестро Владимир Николов, создаде музичко доживување што допре до срцата на сите присутни.
Како што пренесува „Далматински портал“,...
Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година.
Огласот, како што соопшти Министерството, е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 154/25, со која Минситерството обезбеди вкупно 42.3 милиони денари финансиска поддршка.
Право на...
Вкупно 1.077 издадени платни налози се издадени во текот на празничниот викенд за сообраќајни прекршоци
Вкупно 1.077 издадени платни налози се издадени во текот на празничниот викенд за сообраќајни прекршоци во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, соопшти МВР.
Од вкупно 1.077 издадени платни налози, 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48...
Скопјани пијат безбедна вода
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 јули до 1 август 2025 земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот...
Истрага за обид за убиство и насилство во Струга
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши...
Божји пророк што го врати заблудениот Израил на правиот пат
Великиот старозаветен пророк Свети Илија е една од позначајните личности во Светото писмо. Свети Илија бил исполнет со една навистина чудесна ревност и вера во Бога и за време на својот живот одиграл пресудна улога за зачувување на вистинската вера во Израил. Бил богоугодник, чудотворец, боговидец, голем пророк, се борел против идолопоклонството. Тој станал вистински поборник за верата, надежта...
Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово
Тетово
Министерот за здравство Азир Алиу пред неколку дена го означи почетокот на изградбата на Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство.
На настанот присуствуваше и вицепремиерот за политика и добро управување Арбен Фетаи, како и градоначалникот на Тетово,...
Пуштена во употреба градинката „Верверичка“
Кисела вода
Во населбата 11 Октомври Згради во општината Кисела Вода е отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели цветови“. Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од шест милиони денари значајно придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари. Новата градинка се простира на површина...








































