Изминатиов месец од пукање со огнено оружје на свадби и веселби во Полошкиот регион од залутани куршуми, оштетени пет автомобили
Лошата традиција на свадби и веселби да се пука огнено оружје, најчесто пиштоли, но не ретко да се пука и од автоматско оружје, за само нешто повеќе од еден месец оштети пет автомобили, два куршума завршиле на терасите на станбените објекти, а еден во двор на куќа.
- Од почетокот на јули и овие неколку денови од август во Тетовско...
Одбележана 122-годишнината од славната битка на Ѓурѓејца
Пред споменикот на Ѓурѓејца во близина на село Кладник, со пристојна свеченост денес беше одбележана 122-годишнината од славната битка на Ѓурѓејца, една од ретките битки кои ги добија Илинденците.
- Секогаш кога ќе се спомне Ѓурѓејца, граѓаните на Кичево, но не и само тие, туку и цела Македонија, па и пошироко, треба да застанат простум за да им оддадат должна...
Патувачко кино на „МакеДокс“ се одржа во Кочани
Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава беше во Кочани. Проекциите на документарни филмови се одржале од 15 до 18 и на 20 јули на Летната сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Шестнаесетото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август во Скопје, под мотото „Кому му е гајле за...
Мицкоски: Буџетот за субвенционирање на авиолетови годинава е зголемен
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од отворањето на новите авио линии, а резултатите од субвенционирањето, според него се гледаат и во зголемениот број на странски туристи во првите пет месеци од годинава.
Одговорајќи на новинарски прашања по денешниот почеток на изградба на спортска сала во Воената академија, Мицкоски посочи дека буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари.
-Впрочем, резултатите...
Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром
Камен - темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје беше поставен денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, како и министрите за одбрана и спорт, Владо Мисајловски и Борко Ристовски.
Како што беше појаснето на настанот, инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари. Предвидено е новата сала да...
„Охридско лето“ денеска одбележува 65 години
Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која ќе настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, вечерва ќе биде одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“.
Пригодната концертна програма ќе се одвива во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, таму каде штои започна целата приказна наречена „Охридско лето“.
Македонската сопранистка Ана Дурловски студиите...
Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите, порача Мисајловски
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во одговор на новинарски прашања рече дека набавката на хеликоптерите од италијанскиот производител „Леонардо“ е во тек, во моментов се работи на отстранување на правни предизвици.
-Набавката е во тек, знаете дека претходната влада ја има потпишано таа набавка, има многу правни предизвици. Во овој момент се исплати втората рата од 70 милиони евра....
Мицкоски очекува унапредување на македонските универзитети на Шангајската листа
Нашата цел е да ја стимулираме науката - буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата. Владата овозможи бесплатен пристап кон најголемите две бази на списанија, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека очекува во мандатот на оваа влада „нашите универзитети да се приближат напред кон првата илјадарка“ на Шангајската ранг-листа.
-Буџетот за науката е двојно...
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснатЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
Од вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај...
Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените.
Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се...








































