ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини, Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден мандат во Кичево

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе...

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа, иако би сакал. Трамп претходно се пофали со својата победа на изборите во 2024 година, тврдејќи дека бројките во Тексас поставиле рекорд што нема да биде урнат освен ако повторно не се кандидира. Кога беше прашан, во интервју за Си-Ен-Би-Си објавено денеска, дали...

МВР апелира да се навива со спортски дух, без говор на омраза

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но, да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што, како што велат, не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот. Информира и...

Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе

Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-ен-би-си. - Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако поевтини за уште 10 долари за барел, тој нема да има избор бидејќи неговата економија е во лоша состојба...

Почна обуката на кандидатите за пожарникари, некои од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гасење пожари

Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава. Ангелов соопшти дека обуката ја започнале вкупно 364 кандидати во 13...

Тошковски: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави видео на кое се гледа лица кои дивеат со автомобил по скопските булевари, со порака дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. - Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано - порача Тошковски. По видео записот што беше споделен на...

Осум избрани добитници на грантови во вториот повик на Headley SEE Фондот за културно наследство

Фондот за културно наследство на Југоисточна Европа, Headley SEE со задоволство ги објавува резултатите од својот втор јавен повик. Оваа година, Фондот прими импресивни 86 апликации од 11 земји кои имаа право на учество, што ја одразува широчината на регионалната вклученост и итноста со која актерите во културното наследство работат на зачувување, интерпретација и одржливо управување со наследството во...

Извршен увид во Кавадарци – пронајден починат маж, сомненија за убиство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Како што информираа од обвинителството, телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. - Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот,...

Велешките пожарникари од автомобил на поплавена улица извлекле мајка и дете

Поради обилните дождови, пожарникарите од ноќната смена на ТППЕ Велес синоќа имаа повеќе интервенции. Околу 19 часот, од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, успешно извлекоа мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес. Веднаш потоа имале и уште неколку интервенции на извлекување на вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“ која...

Царинска управа: Разоткриена мрежа на шверц на цигари, против пет сторители поднесена кривична пријава

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Како што информира Управата,...