Вучиќ: Меркел веќе „нė разграничи“ со признавањето на Косово

Германија веќе „нė разграничи" во моментот кога призна суверено и неделиво Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на прашањето како тој гледа на ставот на канцеларката Ангела Меркел дека нема промени во границите на Балканот, јави Танјуг. Вучиќ изрази чудење дека дел од јавноста ја сфатило изјавата на Меркел како нова порака. - Што значи тоа што...

Производителите на слива од Пијанечко излегоа на протест

Наместо пред откупувачите, производителите на слива од Пијанечко денеска, својот род го донесоа пред општинската зграда во Делчево. После неколкуте јавни апели кои ги упатија до надлежните институции, а кои не вродија со плод, својот револт тие го искажаа со штрајк. И покрај најавите за субвенционирање на откупот на модра слива, тие и понатаму се загрижени за годинашнава реколта која...

Се бришат починати лица од Избирачкиот список

Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до нив доставиле по службена должност месните канцеларии на Управата за матична евиденција по почетокот на јавниот увид...

Две лица извлечени живи, најмалку 30 загинати при уривање на надвозник во Џенова

Две лица се извлечени живи под урнатините на надвозникот над Џенова и се превезени во болницата Сан Мартино, но и натаму се стравува дека во несреќата има десетици мртви, пренесува италијанската агенција АНСА, додека остнатите медиуми јавуваат за најмалку 22 загинати. Претставник на локалната итна служба рече дека има „десетици мртви“. И пожарникарите потврдија дека има жртви по уривањето на надвозникот...

Објавена книгата „Потестатизам“ од Калистрат Санџакоски

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави книгата „Потестатизам“ од Калистрат Санџакоски. Големината на овој труд исходи од сета негова преизобилност на форми, стилистички фигури, литерарни пасажи и метафори, филозофски увиди и мистични созерцанија. Самата структура на делото е луцидна и до лудило оригинална. Започнува со една пресуицидна фантазма, а потем се нижат поглавјата за цивилизациските периоди, и дојденото време на денешната...

Македонскиот „Јавачи на коњи“ награден во Америка

Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Фам фест интернешнел“ во Северна Каролина, САД. Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на Светскиот филмски саем во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи...

Дачиќ: Не може да има промени на граница која за нас на постои

Шефот на српската диплометија Ивица Дачиќ изјави дека се согласува со германската канцеларка Ангела Меркел дека нема да има промена на границите на Балканот. - За нас не постои промена на границите. Ние граница со Косово никогаш и не сме имале. Јас разбирам тоа да го каже некој кој не го има признато Косово, но некој кој го признал, па...

Босанската Били Холидеј ја расплака публиката во Охрид

Една од најдобрите интерпретаторки на севдалинките, Босанката Амира Медуњанин, приреди концерт за паметење во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Црквата „Света Софија“ беше премногу тесна за да ја прими многубројната публика што дојде да ужива во ангелскиот глас на Медуњанин, која со голема леснотија си поигруваше со модерното и со традиционалното изведувајќи босански севдалинки, но и македонски и српски...

Најмалку 80 возила опожарени во западна Шведска (Видео)

Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони. - Имавме период со големи пожари, но во една иста вечер за толку кратко време да има пожар на многу различни места, не памтам такво нешто - изјави портпаролката на полицијата во западна Шведска, Ула Брем. Полицијата претпоставува дека акцијата најверојатно била координирана...

МАНУ ги промовира „Лихнид и Десаретија“ и „Полифонисти“

Зборникот трудови под наслов „Лихнид и Десаретија“ на академик Вера Битракова-Грозданова и романот „Полифонисти“ на академик Луан Старова деновиве се промовирани на манифестацијата „Научна и уметничка визита - Охрид 2018“, во организација на МАНУ, во Куќата на Уранија. Според академик Георги Старделов, „Лихнид и Десаретија“, кој е создаван половина век, е посветен на охридско-преспанскиот регион, со сите тајни што...