фото: РФМ

Машката ракометна сениорска репрезентација на Македонија вчера пристигна во Германија, каде што утре (18 часот) ќе го започне своето осмо учество на европските првенства (ЕП). Избраниците на македонскиот селектор Кирил Лазаров вчера го одржаа и првиот тренинг во Диселдорф, градот каде што на стадионот „Меркур Шпил Арена“, пред 50.000 гледачи и ќе го отворат ЕП.

Прв противник на Македонија на ЕП (10-28 јануари) е актуелниот олимписки шампион Франција.

Фото: РФМ