Колет Елис од Велс веќе четири години подготвува книга со митолошки суштества. „Велшки чудовишта и ѕверови“ е илустриран компендиум посветен на митолошките суштества од Весл, насликан со мастило и акварелни бои.

– Бев тажна што мојата земја полека ги заборава митолошките суштества од легендите. Затоа, одлучив да ја создадам книгата со цел да ги зачувам старите приказни и верувања и да им ги претставам на помладите генерации – вели Елис за својата книга.