„Правото“ на работа оддома ќе биде тешко да се заштити

Уште една адвокатска фирма во Лондон, „Озборн Кларк“, деновиве соопшти дека редовното присуство во канцеларијата е услов што треба да се земе предвид за бонус. Поточно, персоналот ќе мора да биде во своите работни бироа „почесто да отколку не“, велат големите фактори во фирмата – што може да се толкува како просечно најмалку три дена во неделата, според адвокатската веб-страница „Легал чек“. Ваквата постапка следува по сличниот потег на американскиот гигант „Скаден арпс“ претходно оваа година. И, по сѐ изгледа, ќе ги има сѐ повеќе.
Коментарите што ја проследија оваа сторија нудат увид во тоа дека таквите помалку од суптилни финансиски „моркови“ за поттикнување на присутноста во канцелариите веројатно ќе пропаднат. Еден од првите коментари во тој правец сугерира дека таквиот „мал бонус“ едвај ќе ги покрие трошоците за дополнителното патување и политиката ќе предизвика бран на „тивко напуштање“. Јасно може да се видат линиите на фронтот што се извлекуваат овде од едната и од другата страна.
Многу помлади работници сега го гледаат „правото“ да работат оддома, без стрес од патување, како основен елемент на нивниот пакет за вработување, што за некои ги надминува традиционалните финансиски награди.
Но, нема сомнеж дека како што сеќавањето на заклучувањата дома почнува да се повлекува во ретровизорот, повеќе работодавци ќе почнат да вршат притисок. Додека земјата сè уште е во целосна вработеност, тоа може да се покаже како тешка битка. Многу вработени ќе бараат спас на друго место, каде што ќе наидат на поразбрани шефови, наместо да се вратат на мизеријата да се прелеваат во преполни и скапи возови секое утро.
Но, ако работните места еден ден станат поретки и кога работодавците ќе можат да си дозволат да бидат попребирливи, тоа нема да биде опција.

Џонатан Прин

(Ивнинг стандард)