Каков распад од невидена неспособност!

Овој распад што го гледаме на секој чекор е резултат на спиралата на неспособност и нелегитимност. Поради општата перцепција во јавноста за неспособноста на СДСМ, би додал и нивната неработливост,
тешко успева да победи на избори, да го победи ВМРО-ДПМНЕ. Со спорна легитимност, особено по локалните избори, со сила владее, што уште
повеќе ја изложува неспособноста. Соочувањето со неминовниот крај

отвора спирала на безочно крадење, криминал и корупција

Празници, нова година, можност за нова надеж, за нов почеток, за оптимизам, толку насушно потребен. И власта на ДУИ – СДСМ најсилно работи да ја уништи таа надеж. Напорно е веќе да се мисли, да се пишува за скандалите на оваа власт. Некој рече од секој скандал за три дена e доста, а сега имаме по три скандали во еден ден.
Еве, последните случувања во македонската навигација М-НАВ. Не беше доволен обидот да се протуркаат некадарни и неквалификувани партиски кадри. И тука акцентот не е на партиски, туку на неквалификувани. Да не се лажеме дека во М-НАВ или во која било јавна институција со високи плати е возможно некој да се вработи, а да нема ако не партиска препорака, барем партиско неспротивставување. Ај што се запнаа да ги вработат некадарниве на експрес конкурс, туку се решија да вршат притисок врз синдикатот и да ја стават полицијата во партиска функција со повикување на синдикалниот лидер на распит. Пак дигресија, да беше ВМРО-ДПМНЕ наместо ДУИ – СДСМ само ова ќе беше доволно за жестоки реакции на сите можни организации за човекови права. Ама кога, наводно, левичарската СДСМ со полна уста за работници и работнички права го влечка синдикалниот лидер во полиција тоа е оправдана постапка. И тоа не е доволно, па упаднаа во контролата на летови и физички нападнаа контролори на работа. И така стигнавме до „кошкање“ како нов синоним за „пајакот“ и ако сакате за „шамари не се кривично дело“. И тоа не е сѐ! Кога мислите дека неспособноста на ДУИ – СДСМ кулминирала, во моментот кога треба да поентираат со разрешување на директорите на М-НАВ, тие пак демонстрираат дека може да постигнат нови димензии на невидена неспособност, избираат директор што не ги исполнува законските услови!
Последново било грешка на стручните служби. Секако дека е грешка на стручните служби, не треба премиерот да знае кои се законските услови, но ресорниот министер за транспорт треба да знае. А како да знаат стручните служби кога ДУИ – СДСМ имаат напикано неспособни кадри.

Овој распад што го гледаме на секој чекор е резултат на спиралата на неспособност и нелегитимност. Поради општата перцепција во јавноста за неспособноста на СДСМ, би додал и нивната неработливост, тешко успева да победи на избори, да го победи ВМРО-ДПМНЕ. Со спорна легитимност, особено по локалните избори, со сила владее, што уште повеќе ја изложува неспособноста. Соочувањето со неминовниот крај отвора спирала на безочно крадење, криминал и корупција. Дури ДУИ докрај преферираше власт со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи повеќе преферираше да „паразитира“ на успешна власт отколку да ја има целата власт со неспособната СДСМ.
Ова спирала започна со самиот нелегитимен избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Не е спорно дека Никола Груевски правеше сѐ возможно да го попречи тоа, но… но способни политичари наоѓаат законски и легитимен пат до својата цел. Кога помина тоа, следуваа низа решавања на работите на „балкански начин“, јасно охрабрени од Западот – ЕУ и САД. Носењето на измените на Уставот поради Преспанскиот договор, со очигледни уцени, поткупи и криминал, ја доотвори Пандорината кутија и го продолжи дорушување на владеењето на правото.
Повеќето големи скандали потоа се резултат на таа спирала на неспособност и нелегитимност, што водат кон кршење на законите и корупција. Еве, сакате „Бехтел и Енка“. Класичен пример за горенаведеното. Зошто? Па оваа власт на ДУИ – СДСМ нема капацитет за два километри да изгради, па камоли 200 километри. Оваа власт нема капацитет да ги подготви проектните идеи, проектите, да направи соодветен тендер, да организира експропријација. Затоа се избира „Бехтел и Енка“ без тендер, затоа нема кредитна поддршка ниту од ЕУ ниту од САД. Сите други делници се изградени или се градат со кредитна поддршка. Но затоа има авансни трансфери од стотици милиони евра и отворен простор за касапана од корупција.

И скандалите во јавното обвинителството и сите нивоа и сектори во правосудството и контролни тела се поврзани со неспособноста и нелегитимноста и касапана корупцијата. Кога сте неспособни и кршењето закони и корупцијата се видливи од голема далечина, потребни се јавното обвинителството и правосудството под контрола на ДУИ – СДСМ за тоа што е јасно и видливо за сите нас, да не биде видливо за јавното обвинителството и правосудството. Кога способните не сакаат да бидат дел и да бидат соучесници во криминал, мора да се регрутираат или членови на семејството или неспособни кадри. Па потоа произведувате кадри за судии и обвинители што немаат соодветно дипломирано. Како што туркаат кадри во М-НАВ што не можат да ги положат приемните тестови, сега истото тоа се подготвува и во Академијата за судии и јавни обвинители. Владата носи заклучок приемниот испит да не се полага електронски, бидејќи го нема Рашковски да манипулира со софтверот, туку писмено. Владата со заклучок одлучува да крши закон! За да можат да напикаат неспособни, кои утре ќе бидат судии и јавни обвинители и ќе ги штитат сегашните власти од кривично гонење.
ДУИ – СДСМ, особено ДУИ, ќе прават многу зулум до избори, само и само да останат на власт и да избегнат одговорност, не политичка, туку за сторениот криминал и корупција. Секој еден граѓанин и целото општество мора да се мобилизираат за да ги поразат ДУИ – СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ мора јасно да се огради, не од ДУИ – СДСМ, туку од овој криминален патрон-клиентелистички систем и да се посвети да го демонтира! Или ние ќе го поразиме овој криминален патрон-клиентелистички систем или тој ќе нѐ порази нас и Македонија!

Авторот е аналитичар #Избори2024
Блог www.megjutoa.mк @sklek