Ако досега се сметаше за прекршок, според новиот предлог член во Кривичниот законик, за кривично дело ќе се смета возење под алкохол најмалку 1,5 промили, под дејство на дроги, возење до брзина над 70км на час над дозволената.
Во Хрватска веќе овој закон е на сила повеќе од 10 години, а според МВР доколку се спроведе кај нас очекувањата се дека ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.
-Нaведениот член 403 од предлог текстот на новиот Кривичен законик, кој како новина го пропишува и регулира безобѕирното управување со моторно возило, во пракса би преставувало преквалификација на наведените прекршоци во кривични дела и со истиот се очекува подобрување на општата безбедност во патниот сообраќај, како на репресивен така и на превентивен план што би придонело кон намалување на бројот на сообраќајни незгоди – посочуваат од МВР.
Од Регионалниот совет за безбедност на патиштата со поддршка за овој предлог, велат не смее да се дозволи безобзирно возење.
Овој член е нов во предложениот Кривичен законик, а според најавите на надлежните би требало да се усвои до крајот на годинава.