Ден по угинувањето на двата коњи, во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ. Станува збор за ретки и многу вредни коњи кои по потекло се од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација.
Првиот случај за умрените коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од МВР денеска потврдија дека вчера околу 14 часот во Зоолошката умрел угинал уште еден коњ.
–Полицијата постапува по пријавата. Направена е обдукција од Факултетот за ветеринарна медицина и се чекаат официјални резултати – вели за „Нова Македонија“ Зоран Попов, в.д. директор на скопската Зоолошка градина.
Kоњите не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и умрена птица.