Пред споменикот на Гоце Делчев во Мелбурн, денес се одбележа 121 годинина од убиството на Гоце Делчев, беше објавено во Фејсбук групата Македонска радио програма во Мелбурн.
Панихидата ја одржа свештеникот на црквата „Св Ѓорѓи и Пресвета Богородица” отец Климент Станковски. Потоа пригодни говори одржаа заменик претседател на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија Дејан Змејковски и заменик секретарот Ицо Најдовски – Перин.
Во македонски народни носии покрај споменикот беа играорците на МКУД “Гоце Делчев” а песни за Гоце Делчев рецитираа Дона Димовска Кантаровска и Лидија Стојановска од Литературното здружение “Кочо Рацин”.
– Голем беше бројот на здруженија и поединци кои положија венци и свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на Делчев. Легендата на македонскиот фудбал чичко Андон Дончевски беше еден од многуте кои се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев! Вечна слава на апостолот Гоце Делчев!- стои во објавата.