Фото: „Нова Македонија“

За рејтингот на УКИМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати кај Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

-Токму Мицкоски е олицетворение на она што се случува во дел од факултетите, затоа што прво дипломирал, а потоа продолжил како асистент на исти предмети кај својот татко за на крај таму да биде и професор. Мицкоски и неговата академска кариера имаат директно влијание врз актуелната состојба во високото образование. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што може да зборува за високото образование затоа што токму тие со години системски го уништуваа образовниот систем, ја нарушуваа автономијата на универзитетите и вршеа притисоци кон професори и студенти -реагираат од партијата.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека најдобриот македонски универзитет, УКИМ, бележи пад од 26 места на листата на Центарот за рангирање на светските универзитети во споредба со лани, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.

-Од 1964 место сега дошол до 1990 место и е далеку зад универзитетите во регионот. Универзитетите во Крагуевац, Нови Сад, Ријека според рангирањето се далеку подобри од македонскиот најдобар универзитет. Ова само покажува дека во Македонија се случува сериозен пад на квалитетот на високото образование со оваа власт на СДС и ДУИ. Нема инвестиции во науката, нема инвестиции во образованието, нема инвестиции во човечкиот капитал и кадарот на универзитетите. Ковачевски треба да се срами од овој поразителен податок, дотолку повеќе што се преставува како професор. Штом не неправил ништо за образовниот сектор од кој доаѓа, значи дека и од таа област нема врска.Се случува целосен распад на системот. Се е пуштено во удолница со оваа власт. Единствено што ги интересира властодршците од СДС и ДУИ е како да наместат тендер, како да украдат, како да се збогатат на сметка на граѓаните и на државата. Ќе одгововараат за урнисувањето на образованието како и за сите други сектори во државата -се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.