Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени

Утрово најстудено е во Берово со минус 10 степени и во Скопје и во Битола со минус 8 степени.

Во Крива Паланка, во Демир Капија и во Струмица се измерени минус 7 степени, во Тетово, во Прилеп, во Штип и во Куманово има мунус 6 степени.

Од Управата за хидрометеролошки работи соопштуваат и дека висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 36 сантиметри, во Маврово 13 сантиметри, а во Крушево 7 сантиметри.

– Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветар. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени-посочуваат од УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.