Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со 62 гласа „за“ Собранието вечерва го избра новиот владин состав предложен од мандатарот Димитар Ковачевски. Против гласаа 46 пратеници, а немаше воздржани меѓу 108-те присутни.

Новиот владин состав брои 21 член. По гласањето министрите дадоа свечена изјава.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

– Оваа Влада има легитимитет и ќе работи до 2024 година, кога ќе има избори. Верувам дека ќе ја подготвиме нашата држава за новото време. Ветувам дека ќе направиме сѐ за да ја оправдаме довербата на граѓаните. Доаѓа ново време, подобро време – порача Ковачевски во обраќањето пред вечерашното гласање.

Вкупно 35 пратеници имаа збор на дводневната собраниска седница, од кои 18 од опозицијата. Имаше вкупно 63 реплики.