Дупката кај мостот во Драчево за која информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е санирана.
Од Јавното Претпријатие „Улици и патишта“ соопштија дека санирањето било извршено за неполни 24 часа.
– Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево – велат од претпријатието.
Мостот денес од 13 часот е пуштен во употреба.