Приватните автобуски превозници најавија нови блокади ако не се изнајде решение за нивниот проблем со долгот, откако денеска се собраа пред пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со барање за средба со директорот Александар Стојковски.
Тие не се сретнаа со Стојковски поради негово отсуство, откако повеќе од еден час ја чекаа средбата, пред седиштето на ЈСП, како што известуваат медиумите. Претставниците на приватните автобуски превозници најавија дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски.
На протестот не биле присутни директорите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ Ленин Јовановски и Милорад Димитриевски. Скопје повеќе од два месеца е без приватен превоз, откако градоначалничката Арсовска ги раскина договорите со превозниците „Слобода прегвоз“ и „Макекспрес“.