Почна новогодишното украсување на градот Скопје. Денеска се поставува новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.

Од Градот Скопје велат дека забрзано се украсуваат централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден со новогодишни украси.

– Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје – се додава во соопштението од градот.

Градоначалничката Данела Арсовска претходно најави дека градот ќе почне да се украсува од 10 декември, сепак украсувањето почна дури денеска.