фото: ЈСП

Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје во гостувањето на телевизија „Телма“ во емисијата „Топ тема“ посочи дека претходно во град Скопје се направени многу нереални работи како на пример дека има 32 милиони евра договорени кредити кои не се знае за што ќе се трошат, 4 договори се со Светска банка, еден со ЕБРД, како и со комерцијални банки и 70 милиони евра за бас рапид транзит, и како што рече, БРТ треба да се објасни на граѓаните, на сите.

Буџетот на градот, кажа тој, е како по војна, а за тоа дали ќе има дали ќе има брз рапид транзит или БРТ зависи од тоа како ќе одлучи Советот, ама прво треба да се објасни што е тоа.

– Но, одлука за референдум ќе има кога ќе знае што е тоа – рече тој.

Прашан за бесплатниот автобуски превоз Андоновски рече дека ќе се реализира етапно, во фази.

-Но, она што јас го гледам е дека се сакало се да се уништи, како на пример жичарницата на Водно, зошто не се користи. Дали наменски се уништувале двокатните автобуси по налог на Шилегов со неставање на соодветно масло со што се расипувале моторите. Ова е прашање на кое треба да одговори новото раководство. Треба да се одговори на вакви прашања – рече Андоновски.