Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата.
-Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси – три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми – вели Али.

Од ЦУК наведуваат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак.
Дополнуваат дека ќе продолжат со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата.


































