На денешната 121. седница Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин. Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација.
– Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата, така и надвор од неа – земјите од Западен Балкан и Европската Унија – се вели во соопштението од владината прес-служба.