Фото: Ка.М
Општина Прилеп по четврт пат ја реализираше манифестацијата за одбележување на празникот Св. Василиј. Околу 600 парчиња бурек денеска на Василица им беа поделени на прилепчани пред платото кај Градскиот саат. Во едно парче од нив е и среќната паричка за која се верува дека на тој што ќе ја најде ќе му донесе среќна и бериќетна година.
Традиционално на прилепчани им се делеше варено вино и топол чај.
Фото: Ка.М
Прилепчани најпрво дојдоа, да подигнат бурек, да се напијат, чај, греано вино и да си посакаат среќна и бериќетна Стара Нова година. Заради неповолните временски услови, немаше музика во живо како во минатите години.

 

Фото: Ка.М

-Четврта година по ред, во духот на православната вера, општина Прилеп го реализира овој настан по повод Василица. Оваа традиција почнала уште во 4 век кога Свети Василиј Велики поделил лепчиња со златник и поради тоа се верува дека секој ќе го следи среќата. На Василица, денеска и општина Прилеп го празнува Свети Василиј. На граѓаните им се поделени околу 600 парчиња бурек. Во едно од нив е и среќната паричка. На оној што ќе ја најде, посакуваме да му донесе среќа, здравје и бериќет. Среќниот добитник очекуваме да се пријави, а од Општината ќе добие пригодни подароци – рече Ирена Стерјоска Локвенец, претседателска на Градскиот совет потенцирајќи дека е многу важно да се чува и почитува македонската традиција.

Ка.М.