Detsko igraliste
Фото: Општина Битола

Деновиве Битола доби три нови детски паркови, лоцирани во близина на ОУ „Климент Охридски“, во населбата „Карпош“ и во Долно Оризари.

Жителите на населбите задоволни се од новите катчиња за најмладите, кои освен со нови реквизити, располагаат и со нова урбана опрема, која обезбедува сигурност за децата во регулиран заграден простор.

Проектот во вредност од 4.600.000 денари, средства од Бирото за рамномерен развој, се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

М.М.