Фото: З.А.

Кичево годинава е подготвено за највеселата ноќ. Поставени се украси на градскиот плоштад – од ѕвездено небо, преку новогодишна елка, божиќна пештера до куќички во кои се продаваат новогодишни реквизити. Се нудат гратис прехранбени продукти и топли пијалоци.

На градскиот плоштад покрај голем број жители ги забавуваа и жонглери, кои беа вистинско освежување за најмладите присутни во срцето на градот.

Фото: З.А.

-Нашиот град деновиве живее во вистинска празнична атмосфера. Во изминатите денови на градскиот плоштад имаше шаренолика содржини сочинети од голем број настани надополнети со гратис вкусни крофни, палачинки, чај, топла ракија и варено вино. Во последните денови пред повеќе стотини наши сограѓани, пред се млади, на градскиот плоштад присутните ги забавуваше жонглер што беше вистинско освежување и изненадување за сите присутни. Според зборовите на нашите сограѓани кои го посетиле градскиот плоштад деновиве, тие потврдуваат дека е ова вистинска новина за нив која треба да се надоградува и во идните години со нови содржини кои ќе ги забавуваат сите генерации жители на градот за да не мораат на дочек да одат во друг град – вело Бошко Сарафилоски, еден од предводниците на Бадникови поворки во Кичево. З.А.