Педесетина пријави имало од кавадарчани за последици од синоќешното невреме во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
-Продолжува миењето на улиците на територијата на Општината Кавадарци по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места. Во изминатата ноќ наврна околу 40 литри на метар квадратен за околу половина час, имаше педесетина пријави од граѓаните за интервенција и санирање на одводи, подрумски простории, наноси. Интензивно се работеше на терен цела вечер со служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, а веќе утре градоначалникот Митко Јанчев ќе формира и Комисија за процена на штети од елементарни непогоди, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму апелираат до граѓаните ако имаат било каква потреба или штета да се јават на телефонскиот број 13-300 во Кол центарот на Општината Кавадарци.