Редакцијата на Битолски весник, како организатор на традиционалната манифестација „Избираме најуспешни битолчани 2019”, по најновите препораки и мерки на Министерството за здравство, за забрана на одржување на масовни собири, денеска ја информира битолската и пошироката јавност дека Манифестацијата, која беше презакажана за сабота, 14 март е повторна одложена.

Овој пат одложувањето на Манифестацијата, согласно препораките на Министерството за здравство ќе биде за најмалку 14 дена и на неодредено време, нагласуваат од Битолски весник.

За денот на одржување на Манифестацијата јавноста ќе биде известена веднаш по симнувањето на забраните и препораките на Министерството за здравство.
И покрај тоа што одложувањето на Манифестацијата му донесе голем број непредвидени организациони и материјални проблеми, сепак Битолски весник ги поздрави мерките на Министерството за здравство и истите во целост ги почитува, бидејки, како што велат во Битолски весник здравјето на граѓаните им е пред се.

Во договор со сите субјекти кои се вклучени во организацијата на Манифестацијата на Битолски весник, договорено е „Изборот на најуспешните битолчани за 2019 година” да се одржи веднаш откако од страна на Министерството за здравство бидат симнати сите мерки и препораки за неодржување на масовни собири.

Инаку Битолски весник, кој 21 години со ред, ја организира оваа традиционална манифестација, која битолчани ја нарекуваат Битолски оскари,на две недели пред одржувањето, на 28 февруари и покрај директниот телевизиски пренос на ТВ „Тера“, пред Манифестацијата продаде 800 влезници.

Иако Битолски весник беше комплетно подготвен да ја одржи Манифестацијата, на само три сати пред почетокот на истата, кога стигна препораката на Министесртвото за здравство за забрана на одржување на масовни собири одлучи да го одложи одржувањето на Изборот на најуспешните битолчани, што наиде на големо разбирање не само кај учесниците на Манифестациајата, туку и кај граѓаните на Битола.
М.М.