Фото: З.А.

Во шестата организација на Меморијалниот планинарски марш „Сашо Костадиноски“ што се одржа викендов, зедоа учество над 50- планинари и искачувачи од Скопје, Битола, Прилеп и Кичево. Овој планинарски марш го организира Планинарско-еколошкото друштво „Ендорфин“ од Кичево, а учесниците во двата правци изминаа околу 16 километри за што потрошија околу 6 часа.

-Денес по шести пат го организиравме Меморијалниот планинарски марш во чест на прерано починатиот планинар, другар и пријател Сашо Костадиноски. На маршот зедоа учество планинарите од ПЕД „Ендорфин“ од Кичево, ДПС „Трансферзалец“ од Скопје, ПСК „Х-20 “од Скопје, ПД„ Мице Козар“ од Прилеп, ПЕК „Турни ме да кинисам“ од Битола и ПСД „Два камна“ од Кичево. Учесниците на маршот за да се искачат на највисоката кота Веливрв потрошија време од 3,5 часа со три попатни паузи за искачување, а 2,5 часа за спуштање од врвот на планината Гољак до крајната одредница село горно Брждани – истакна Давор Јанкулоски член на „Ендорфин“ и еден од тројцата водичи.

Тој потсети дека завршувањето на маршот било зачинето и со заеднички ручек, планинарско гравче. З.А.