На денешната седница на Советот на Битола, на која се разгледуваше ребаланскот на буџетот, поддржана е иницијативата на советничката група на СДСМ за „издвојување на средства за фотоволтаици на сите основни и средни училишта и на сите институции и установи во надлежност на општината.
За ваквата иницијатива на опозицијата гласаа сите советници на Советот на Битола.
Со прифаќањето на ваквата иницијатива ќе се поставуваат фотоволтаици на сите основни и средни училишта и институции кои се во надлежност на локалната самоуправа, што ќе придонесе за поекономично и поевтино нивно затополување.
М.М.