Фото: Зоран Антоски

Како и претходните години, така и годинава, Кичево во јули се претвора во вистинска крстосница на коњиците што се дел од „Илинденскиот марш 2022“. Така во изминатите два-три дена низ улиците на Кичево продефилираа коњицата „Пресвета Богородица Пречиста“, „Мавровско-горнореканската“ и коњицата „Свети Јован Бигорски – патот на Црешовото топче“.

– Како по традиција, нашиот град секоја година пред големиот национален празник Илинден се претвора во вистинска крстосница на коњаниците од „Илинденскиот марш 2022“, кои своето патешествие на 2 август ќе го завршат во славното Крушево. Само во изминатите два до три дена низ нашиот град продефилираа коњицата „Пресвета Богородица Пречиста“,Мавровско-горнореканската“ и коњицата „Свети Јован Бигорски – патот на Црешовото топче“, а за викендот не е исклучено, како претходните години, да продефилира уште некоја коњица. Карактеристично е што сите коњаници попатно го посетуваат црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во градот, каде што од страна на свештенството добиваат благослов за среќен пат и успешен „Илинденски марш 2022“  – вели Петар Тренески, постар жител на градот редовно присутен на пречекот и испраќање на овие коњаници. З.А.