Фото: Ка.М.

Секоја вечер од 19 часот до раните утрински часови, веќе една недела прилепчани
чувствуваат непријатна миризба во поголем дел од градот, околу поранешната фабрика „11 Октомври“. Граѓаните велат дека не се дише и дека се загадува животната средина.

– Некој не труе. Мириса, корне. Не се дише, солзат очите, печат… Пријавуваме насекаде
– во полиција, во општина, во инспекторат. Редно е да се преземат мерки да се заштити
нашето здравје – велат граѓаните кои ја пријавиле состојбата.

По неколку пристигнати пријави и усни и писмени до општината, Инспекторатот, излезе на терен велат од општина Прилеп.

– Инспекторите од општината во соработка со Полициската станица и Државниот инспекторат за животна средина испитуваат од каде доаѓа непријатната миризба. На теренот, односно во кругот на некогашната фабрика „11 Октомври“ горело и се утврдува што се случило. Се испитува простор околу три правни субјекти – изјави Влатко Петкоски, портпарол на општина Прилеп. Ка.М.